Home News Тони Михајловски зборува cè погласно – се сомнева дека негови сопартијци...

Тони Михајловски зборува cè погласно – се сомнева дека негови сопартијци од Куманово работеле за неговиот пpотивkандидат

Куманово е општина во која традиционална, победата на изборите ја освојува СДСМ. Така е во изминатите години и овој град се смета за едно од нивните најголеми упоришта.

Но на последните избори, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Тони Михајловски не влезе ниту во вториот круг и со тоа (покрај Карпош), го оствари најлошиот резултат во цела држава.

Во Куманово во вториот круг, практично влегоа двајца кандидати на СДСМ, Максим Димитриевски кој недобивањето партиска поддршка се кандидираше самостојно и Оливер Ивановски поддржан од партијата.

Колкава и да е поддршката на СДСМ во Куманово, сепак ова беше премногу дури и за најголемите оптимисти во левицата, дека двајца нивни кандидати ќе влезат во втор круг со речиси ист број гласови.

Братот на Тони Михајловски, Бобан, вчера објави каpиkатуpа на која Максим Димитриевски си ги бара парите кои ги дал со кои му била ветена победа во првиот круг на изборите во Куманово.

На каpиkатуpата Димитриевски е спречуван да го нат-епа лицето кое наводно ги зело парите од страна на Бране Петрушевски, претседател на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Куманово, Елена Божиновска носителка на листата на советници и нејзиниот сопруг Игор Божиновски.

Симптоматично беше и тоа што утредента по изборите, Тони Михајловски ја деактивираше неговата официјална фан страна на социјалните мрежи, каде објавувашпе за своите активности во кампањата.

Тони Михајловски веќе и отворено проговори на социјалните мрежи. Тој ги обвини своите сопартијци дека наместо за него, на локалните избори работеле за неговиот противкандидат Максим Димитриевски.

Во коментари на социјалните мрежи, Михајловски пишува дека не бил посакуван во штабот на ВМРО-ДПМНЕ од страна на локалните функционери, бидејќи тие сметале оти е наметнат од централа и ги обвинува дека уште од самиот старт работеле и агитирале за Димитриевски.

„У штаб не улегна затој што тамо не ме сакате пошто централа ви наметнала кандидата. И работасте за Максима и ти и Бране, и Игор и Оливер и Дејан и ед’н куп други од сам старт“ пишува Михајловски.

Previous articleПо статусот на Росана, се огласи и нејзиниот поранешен сопруг, музичарот Коки (ФОТО)
Next articleБоки Бургија објави слика од средбата во Париз со познатиот скопски лик Мата, братот на Васе Лондѕа