Home Live Анета Наковска растура со настапи во Америка (ВИДЕО)

Анета Наковска растура со настапи во Америка (ВИДЕО)

Фолк ѕвездата Анета Наковска пред многу години го кажа судбоносното “Да“ ,ам не во Македонија ,туку во Америка. Медиумите тогаш пишуваа дека Анета својот избраник успешно го криеше од јавноста и никогаш не раскажа за него.

Анета и Спиро кој е охриѓанец и живее во Америка тајно се венчаа во Лас Вегас, каде што Анета беше во тоа време, а медиумите пишуваа дека пејачката ја искористила посетата во Лас Вегас, за да ја официјализира врската со нејзиното момче.

Пејачката Анета Наковска имаме можност сега да ја видиме во сосоема ново издание и со нов имиџ.

Трансформацијата е помогната од вештата рака на Владимир Трајковски, а зад фотографиите стои името на пејачот Баже Грујовски, кој судејќи според фоткиве, покажа уште еден свој талент, напиша Мкд.мк во една прилика.

Фолк дивата Анета Наковска за себе вели дека најјака карактерна особина и е искреноста. Не сака лажливци, а среќна е кога шета во планина и собира билки.

Многу нешта за сесе си, но и за кулинарските способности дознавате во интервјуто кое го даде само и специјално за ТОЧКА.

– Сите мислат дека многу шетам, се журкам навечер, но не е така. Кога би знаеле какво е моето секојдневие би останале без коментар. Јас скоро секој ден одам во планина и најубавите инспирации за песна ги добивам токму таму.

Живеам во Пржино, Водно е над мене и шетам, собирам билки за да си направам препарати за нега на лице и тело. Затоа што се ни доаѓа од природата.

Исто така знам да готвам и сакам да правам необични јадења кои се мојот заштитен знак во кујната“, рече Анета пред да се омажи за Спире.

– Додека бев во Австралија на турнеја добив непристоен предлог од голем калибар. Ни помалку ни повеќе ми беа понудени МИЛИОН долари за да прифатам да живеам со некој бизнисмен а понатаму да ме земе и за жена. Сум добивала и претходно понуди во стилот, ќе те направам кралица, биди моја жена, ќе те чувам.

Јас сум горда на себе што не сум ги прифатила тие понуди. Весниците во Австралија наголемо пишуваа за овој настан и моето НЕ, и добив максимално медиумско внимание.

Не прифатив затоа што во тој момент се чувствував како мивка, како говедо на продажба на пазар. Не е тој начинот да се стигне до целта. Господ нас сите ни дал две раце за да си го заработиме својот леб“, изјави Анета во Точка.

На Фејсбук се појавија позитивни коментари на едно видео кое го објавил нашинец од Америка, а на него Анета пее во друштво на барабанџијата Коста.

Анета се стегнала во кратко фустанче и изгледа ептен атрактивно, а ја пее „Казуј крчмо Џеримо“ од Уснија Реџепова.

Анета инаку сега живее на реалција Америка- Македонија, а кога е во Македонија таа е во Велгошти, каде што таа и сопругот имаат куќа, но и ресторан каде што настапуваат нејзините колеги од фолк сцената.

Видеото од Анета како пее во Америка можете да го видите подолу.

Previous articleШенка Колозова во досега невидено издание, во вакво издание не ја паметиме! (ФОТО)
Next articleЗаврши состанокот на Алтернатива – Африм Гаши кажа како ќе гласаат утре