Home Live Криев од сите дека сум бремена, со солзи радосници ја родив ќерка...

Криев од сите дека сум бремена, со солзи радосници ја родив ќерка ми- Фолкерката Татијана искрено раскажа низ што поминала додека не стана мајка

Фолк пејачка Татијана Стефановски од Битола се оствари во улогата на мајка пред 5 месеци, а претходно изјави дека 10 години со сопругот чекале на овој момент.

Таа на свет ја донесе малата Ана. Фолкерката веќе 10 години живее хармоничен брак со сопругот Митко, за кој во Женски магазин раскажа дека се запознале пред да заминат на турнеја во Америка.

-Со сопругот се запознавме пред да одиме на една турнеја во Америка. Но тогаш, можам да речам дека не бевме ни другари. Не го поднесував многу (се смее).

Многу подоцна се роди љубовта меѓу нас и фала му на Бога сѐ уште трае, дури и е многу посилна од што беше на почетокот.

Заедно сме 10 години, а во брак полни 9.“, рече Татијана.

Таа во едно интервју за estradaworld.blogspot.com зборуваше за својата кариера. „На почетокот на кариерата, најголем критичар ми беше мајка ми, а подоцна сопругот.

Но, вооедно и подршка. На почетокот мајка ми не се согласуваше јас да се занимавам со оваа работа, но веројатно кога виде дека одам во правилен правец, беше задоволна и почна нејзината подршка.

Се разбира, музиката ме спои со сопругот, кој исто така е музичар и од големо значење ми е неговото мислење, а неговата критика ме направи и подобар пејач во последниве неколку години.

Како што кажав погоре, „Битолчанка“ е песната која ја обележа мојата досегашна кариера, песната која некогаш на барање на публиката, ја пеам и по 4-5 пати на еден настап. Таа е песна на Дејан Момироски со музика и аранжман, а текст на Борче Нечоски, а желба за таа песна изјавив јас.

Сакав да имам убава, брза песна во која ќе се кажува дека јас сум битолчанка… така и гласеше песната подоцна“, рече Татијана.

Во Женски магазин, фолккерката зборувала како е тоа да се биде мајка, особено затоа што овој момент како што таа изјави го чекале со сопругот толку долго, речиси една цела деценија, и сега се чувствуваат благословени.

-Чувството да се биде мајка е најубавото нешто што сум го доживеала. Иако долго го чекав овој момент и многу тешко стигнав до ова, за миг сè се заборави. Сите тешк-отии, сол-зи… имаше солзи, но овој пат, радосници“ вели Татијана.

Искрено, со мало дете (5месеци) и немам баш слободно време за женски ритуали сѐ уште. Не дека имам којзнае какви, но сепак е рано да се посветам како што треба. Прво што би сакала да направам е да почнам да вежбам, со тоа оди и константното здраво хранење (кое сега за сега сѐ уште не го практикувам многу) и да ги симнам вишокот килограми.

Периодот на пандемија за мене испадна многу добар (се смее) . Не заболев од ков-ид, туку забременив и го имав цело време за одмор и лежење (кое ми беше препорачано).

Мојата бременост и раѓањето на мојата ќерка беше изненадување за 80% од луѓето. Не се фалев со тоа и искрено не сакав да се знае дека сум бремена.

И успеав во тоа , но само затоа што бесе период кога немаше настапи. Би сакала тој период, за сите да беше со среќен крај“, откри Татијана.

Previous articleЕве кој е поканет и кој ќе зборува на јавното испраќање на Марина Туцаковиќ, ќе се влегува строго со покани, синот Лаќа откри детали
Next articleТопење: Ѓоко Јовиќ во прегратки на најмалиот син, Дарин е четврта среќа за него и за Ивана