Home Live Александра екс „Брза кујна“ во убаво машко друштво, изгледа топ (ФОТО)

Александра екс „Брза кујна“ во убаво машко друштво, изгледа топ (ФОТО)

Кога ќе се спомене водителката Александра Пановска- Илиевска, неа секогаш можевме да ја видиме расположена и со позитивна енергија.

Александра Пановска, која неколку години беше водителка на шоуто „Брза кујна“, кариерата ја започна како радиоводител на „Клуб ФМ“, а на телевизиските гледачи им стана позната преку реалното шоу „На иста адреса“.

Но, дојде до промена. Марк де Јонг, еден од готвачите во шоуто, на својот профил на социјалните мрежи објави фотографија заедно со неговиот готвач – партнер, Никола Мишковски, но и нова колешка – водителка меѓу нив.

Станува збор за Сања Савеска која е познат телевизиски лик од утринската програма на телевизија 24. Таа за брзо време ги освои симпатиите на гледачите, и на готвачите.

Водителката Александра Илиевска, на социјалните мрежи интензивно објавуваше фотографии, на кои можеше да се види дека е во блажена состојба.

Александра се породи во јануари годинава, и на свет ја донесе ќерката Сара. Потоа, таа напрафви трансфер, сега е водителка на утринската програма на Канал 5.

-Враќањето на работа по долго породилно одстуство во комбинација на старт на пандемија беше предизвик само по себе. За разлика од било кога времето во кое јас бев бремена беше различно во секој сегмент, а најмногу од здраствен но се совлада и тој предизвик како и патот на бременоста.

Сè мина во најдобар ред, а времето летна. Благодарение на мојата колешка Милена од Канал 5 добив информација дека ќе го прошируваат тимот на Утринска и ќе се прави целосно нов концепт, а по разговор со Иван С. Мирчевски

добив понуда и договор кој значеше старт на едно ново поглавје во мојот живот и враќање на работа во време кога Сара има само 8,5 месеци“, раскажа Александра за Женски магазин.

Во новата средина, за неа почетокот како и секој почеток бил тежок, од една страна прилагодување на нов тим и работен амбиент, од друга страна бебе и прилагодување на чување од баба и дедо.

-Кога ќе погледнам назад од еден месец дистанца, тежината ми е олеснета. Мојата мајка ми е огромна поддршка и без нејзината потпора не би била денес таму каде што сум“, открива водителката.

Како и на секоја мајка која по породилното отсуство се враќа на работа, и на Александра не ѝ лесно да ја остава Сара додека таа работи, и вели дека пред да му се врати на Тв ангажманот, долго се мислела, и си поставувала многу прашања.

Александра Пановска се сликала со стилистот Дадар во неговото студио додека тој ја разубавувал. Пановска изгледа одличмно и е доста разубавена и освежена откако стана мајка, а и годи и убавото друштво од овој наш познат стилист.

Previous articleТатјана Лазаревска се дотера како за на свадба, заигра и прати силна порака за целата дијаспора (ВИДЕО)
Next articleДенес во Скопје, Унгарскиот министер за надворешни Сијарто, проговори за Груевски