Home Live Билјана живее со два болни сина и работи цел ден на студ...

Билјана живее со два болни сина и работи цел ден на студ за 200 денари, нашите познати музичари ја посетија

Порталот Приказна.мк ја раскажа тажната приказна за Билјана Блажевсска која работи на пазар за само 200 денари и едвај ги прехранува своите два сина од кои едниот има проблеми со срцето.

Билјана Блажевска од Скопје како млада имала живот од бајките. Четириесет години била во брак, со Јосиф, човекот на нејзиниот живот. По многу години складен и убав живот, еден ден сè се превртува наопаку.

Се разболува поголемиот син и осл епува. Помалиот син добива тешки срцеви опструкции. Си заминува сопругот, а како капак на сè, истата година Билјана ја губи и куќата.

Билјана иако е со вишо образование, млада заминува како технолошки вишок, а денес е со минимална пензија. Во најтешкиот период кога губи сè во животот, таа цели седум години останува и без ниту денар приход.

Билјана свесна дека мора да се бори во животот, за да не им уништи животот на болните синови, собира сила и во населбата 11 октомври прави куќа до карабина, а добрите луѓе и помогнале колку толку да ја оспособи за живот.

Тешкиот живот ја принудил да оди дури и на сегашна возраст, да работи за двесте денари дневница, да помага по пазарите, молејќи се дека некој ќе ѝ даде макар скапан зеленчук или овошје, кои дома ќе го јадат со децата“, е дел од текстот на авторката Оливера Петрушевска кој го објави „Приказна“.

По оваа приказна, на Билјана решија да и помогнат Андреј и Панчо од дуото ДНК кои ја посетија во нејзиниот дом во Скопје и видоа во какви услови живее оваа жена со своите два сина.

– По денешната објавена приказна на социјалните мрежи , исконтактиравме и ја посетивме госпоѓата Биљана Блажевска во нејзиниот трошен дом.

Прекрасна и многу храбра жена со која судбината сакала да си поигра. Накратко сакаме да ви ги пренесеме нејзините зборови кои верувам дека нема да ве остават рамнодушни.

На свои 69 години ( ШЕЕСЕТ И ДЕВЕТ ) работи на пазар од 08-16ч за само 200ден. , нема дрва за огрев, враќа долгови на извршители и на луѓе од кои позајмувала, се мачи со нејзините два сина од кои едниот е срцев болесник

(додека бевме ние таму спиеше) и е работо неспособен, додека другиот има проблем со видот.

Нема скоро никакви услови за живот и се греат само во просторијата каде што ја направивме фотографијата за да ви го доловиме нивниот дом. И треба и шпорет бидејќи и е многу стар и најмногу храна како што кажа тетка Биљана.

Ве замолуваме од срце сите оние кои можете да и помогнете на секаков начин, а упатуваме апел до сите надлежни институции и до градоначалникот на Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски ја посети и да пробаат да изнајдат подолгорочно решение.

Ние дониравме парични средства во доменот на нашите можности но верувам дека секоја помош и те како им е добредојдена.

Да споделиме и помогнеме сите заедно бидејќи заедно сме посилни, а не заборавајте дека сите сме исти!! За секој вид било каква донација контактирајте ја директно тетка Биљана на овој број: 076 / 23 70 60“, напишаа ДНК на Фејсбук.

Фото:Фејсбук/ ДНК

Previous articleНекој ја нарече Есма “Ромка која завива”, синот Симеон луто се огласи на Фејсбук
Next articleЖестоко се расправавме- сопругата на Мирослав Илиќ ја кажа вистината