Home Live Борче: Да видат нашите политичари дека и без потрошен денар може некому...

Борче: Да видат нашите политичари дека и без потрошен денар може некому да се донесе среќа

– Како на децата да им обезбедам компјутер, се прашуваа најголемиот дел од родителите на почетокот на пандемијата а и пред тоа. Дигиталната настава беше невозможна мисија особено за сиром ашните.

Борче Стаменов ним им донира компјутери. Собира половни компјутери од кои други луѓе кренале раце, ги поправа и им ги дава на оние на кои им се потребни.

Неговиот повик „Донирај компјутер“ предизвикува големо ехо“, напиша Дојче Веле за Стаменов од Кавадрци за лија химана мисија се разбра и надвор од Македонија.

-Првиот компјутер замина 20 декември 2016 година кога во канцеларија дојде една женичка и побара да не случајно ни се наоѓа било каков компјутер за нејзините дечиња. Тоа беше и почетокот на „Донирај компјутер“ – вели Борче.

Тој објаснува дека нивна таргет-група се социјално загрозените семејства, а потребата од иницијативата дошла до израз за време на пандемијата, кога, всушност, и тој успева да испрати рекорден број на компјутери“, објави „Факултети“.

-Потребата од ваква иницијатива дојде до израз за време на пандемијата со ковид-19, кога цело обрзование се префрли на домашен терен. Нашата држава едноставно не беше спремна за таков чекор, како и повеќето други држави.

Ние успеавме на тие семејства во рок од 10 месеци да им обезбедиме 800 компјутери и да им го олесниме учењето на децата“, додаде Стаменов.

„Донирај компјутер“ прослави шест години постоење, и веќе има подарено над 1300 компјутери.

Стаменов на Фејсбук точно напиша колкава заложба дале тој и неговите колеги и дека тоа го направиле волонотерски, и со ова им упати поака на нашите политичари:

– Дечки имаме една идеја ама не е ништо посебно. Со овие зборови на 20-ти Декември 2016 година започна мојата најголема авантура во животот. Авантура, која од корен ми го промени животот. Сосема случајно денес нашиот роденден се поклопува со завршување на 13-та сезона со донирани 1315 компјутери.

Пред да набројам се што сакам и да спомнам кој се ни помогна, морам да се заблагодарам на тројцата мускетари кои ми се придружија. Милачески, Zike и Dragan. Дечки без вашата несебична помош и заложба, без вас #ДонирајКомпјутер немаше да биде ова што е денес.

Длабок наклон за се што правите! Традиционално секоја година се “пребројуваме”. Овака вика статистиката:

До сега кај нас имаат пристигнато 1622 компјутери. За проверка и дијагноза имаме потрошено 811 часа или изразено во парични средства тоа е некаде 234.000 денари. Од тие 1622, успеавме да оспособиме 1314 компјутери. За средување на еден компјутер ни е потребно околу еден час.

Или изразено во парични средства тоа е некаде 787.800 денари. Ако земеме средна вредност од 150 денари за испорака на еден пакет, изразено во парични средства тоа е некаде 196.950 денари.

Ако земеме средна пазарна вредност од околу 6000 денари на еден половен компјутер (монитор, куќиште, тастатура, глувче), изразено во парични средства тоа е некаде 7.878.000 денари. Вкупно изразено во парични средства тоа е некаде 9.096.750 денари. Или ако сме политичари ќе речеме 146.721 евро.

Ако одиме и подалеку и израчунаме просечна минимална плата од 15600 денари за четворица кои работат без надокнада, за 6 години, изразено во парични средства се некаде 4.492.800 денари.

Ако и ова го додадеме на купот волонтерска работа од 9.096.750 денари излегува дека сме донирале наше време, живци, нерви и здравје во износ од 13.589.550 денари или 219.186 евра.

Последнава статистика е пишана за да видат нашите политичари дека и без потрошен денар може некому да се донесе среќа. А нам? Нам ни се доволни насмевките на децата, сликите, песнчките и искреното благодарам на крај на денот“, напиша Стаменов.

Previous articleКовачевски за ФОКУС го потврди своето прво кадровско решение
Next articleМила Царовска во тесно џемперче и во карирана сукња, ваква не сме ја виделе досега (ФОТО)