Home News Д-р Никола Пановски предлага превентивна мерка на границите како заштита од новиот...

Д-р Никола Пановски предлага превентивна мерка на границите како заштита од новиот сој

Генералниот директор на Светската здравствена организација Тедрос Аданом Гебрејесус денеска го повика светот да се обедини и да донесе тешки одлуки потребни за да се стави крај на пандемијата на ковид-19 следната година.

– 2022 мора да биде година кога ќе ставиме крај на пандемијата – изјави генералниот директор на СЗО.

Како што се приближуваат прославите на крајот на годината, Гебрејесус призна дека „сите сакаме да поминуваме време со пријателите и семејството. Сите сакаме да се вратиме во нормала“.

– Но, за да се вратиме во нормала, треба да се заштитиме сега бидејќи случаите на омикрон, кој многу брзо се шири, се зголемуваат – истакна тој.

Откако за првпат беше регистриран во Јужна Африка во ноември, омикрон е идентификуван во десетици земји, што ги урна надежите дека најлошото од пандемијата е зад нас.

И покрај показателите дека не е потешка од варијантата делта – која сѐ уше е доминантна – омикрон според раните податоци покажа дека е позаразен и загрижувачки отпорен на вакцини.

Со оглед на тоа што бројот на новозаразени многу брзо се зголемува, Тедрос истакна дека е подобро да се откажат настаните „сега и да се слави подоцна отколку да се слави сега и да се тагува подоцна“.

– Сега треба да се фокусираме на ставање крај на оваа пандемија – нагласи шефот на СЗО.

Тедрос инсистира дека е можно да се запре пандемијата, но рече дека ќе треба да се искористат сите алатки кои се на располагање, почнувајќи од вакцини до носење маски и физичко растојание.

И можеби најважно, светот треба да стави крај на очигледната нееднаквост во пристапот до вакцини.

– Ако сакаме да ставиме крај на пандемијата во наредната година, мора да ставиме крај на нееднаквоста – нагласи тој.

Микробиологот проф.-д-р Никола Пановски, гостуваше во дневникот на ТВ Сител. Тој смета дека сојот омикрон најверојатно е веќе влезен во земјава.

-Сепак не треба да се ризикува, за да не дојде до екc пло зија во болниците и поставување на модуларни болници. Треба да се преземат мерки. На пример Грција од вчера воведе задолжителен ПЦР-тест за сите патници.

Јас да сум некој фактор во државата, веднаш после нив би вовел и ПЦР тестови за сите граѓани што влегуваат. Прва мерка да ни биде наменета за границите и аеродромите и таа да важи 15 дена за почеток, а после тоа да се анализира.

Нема бегање од сојот, ако велат дека се шири со таа брзина, вели Пановски во дневникот на ТВ Сител и додава дека Комисијата за заразни болести предложува „нелогични мерки“.

Според д-р Пановски, по седум дена корона вирусот го нема во телото на човекот.

-Во градите е може, но во носот го нема. ПЦР тест по седум дена не треба да се прави. Нереални се овие 300 новозаразени на ден.

Што се однесува до учениците, доцна е за онлајн настава, но е е доцна за да се пуштат порано дома на распуст, поточно од следниот понеделник, вели д-р Пановски.

Previous articleСе пофали Огнен Здравковски: Ми стигна мојата нова лепотица (ФОТО)
Next articleНекој ја нарече Есма “Ромка која завива”, синот Симеон луто се огласи на Фејсбук