Home News Јове Кекеновски му се обрати јавно на бугарскиот премиер Петков: Жално е...

Јове Кекеновски му се обрати јавно на бугарскиот премиер Петков: Жално е вака млад човек, да користи речник од минатиот век

Јове Кекеновски: ЈАВНО ОБРАЌАЊЕ до КИРИЛ ПЕТКОВ – новиот премиер на Р. БУГАРИЈА

„Г- дине Петков не ми е јасно за каков говор на омp аза и за каква диск рим инација говорите кога во нашата држава Република Македонија (Македонците кои имаат бугарски корени) со ништо и од ниту еден аспект не се заг розени.

За ваша информација тие се целосно интегрирани во политичкиот и општествениот живот. Имаат своја политичка партија, се појавуваат и гласаат на избори, се евидентираат на пописот, имаат свои граѓански здруженија, вклучени се во институциите на системот.

Со задоволство слушаат и слушаме бугарски песни, гледаме бугарски филмови, слободно се продаваат бугарски весници и се друго се што треба да го има и да го практикува едно малцинство во една демократска држава. Најавено е нивно вклучување во Уставот како припадници на народите од нашето соседство и др.

Жално е Вие како млад човек кој се декларира дека ги почитува и практикува свропските вредности да подлегнувате на дневно политичките и нереални и недобронамерни ставови на националистичко ориентираните политичари и необјективните историчари кои го користат речникот од шеесетите и седумдесетите години на минатиот век.

Реално и редно е г-дине Петков како млад човек најмногу да Ве пл аши (но и да се подз асp амите од сите досегашни власти на Република Бугарија) непочитувањето и неспроведувањето на околу 45 пресуди на

Европскиот суд за човекови права од кои најголем дел се однесуваат на неможноста на македонското малцинство во Бугарија да регистрира свои здруженија, но и да биде признато како реално малцинство во Вашата држава.

Сакам јавно да Ве потсетам дека Европскиот суд за човекови права во најголем дел од овие пресуди досега констатираше дека Република Бугарија направила и прави повреди на членот 11 на Европската конвенција за човекови права, со кој е гарантирана слободата на собирање и здружување.

Ова треба да ве плаши господине Петков, а не непосточеката дискиминација или во мошне ретки и исклучителни случаи говор на ом p аза, кое е најверојатно одговор на претходно сторена провокација, а не како нешто за кое се има план или намера. Со почит.“

Previous articleМилица во проѕирен фустан лазеше по спална, а обожавател ѝ порача: Мачкај го тоа два пати на ден (ФОТО)
Next articleМитко Јанчев го блесна Кавадарци за Нова година – за еден свој потег, доби пофалба и од Ненад Јовановиќ