Home Live Ќерко моја, да ти кажам нешто пред да се омажиш: „Нема да...

Ќерко моја, да ти кажам нешто пред да се омажиш: „Нема да ти биде подобро“

Моја мила, сакана и единствена. Ќерко моја. Во моментов си затворена за разговор и не сакаш да послушаш совет, а јас сум немоќна и не знам како да допрам до тебе за да посоветувам.

Се плашам дека ќе направиш голема грешка, а пред големите потези во животот треба многу добро да се размисли и обмисли. За животот се работи.

Единствениот совет кој сакам да ти го кажам ќерка моја, се состои од само неколку зборови, а мислам дека ти добро ќе ме сфатиш и разбереш, само ако ми дозволиш да ти објаснам: „Нема да ти биде подобро, ќерко моја“.

Она што нашите мајки и баби нè советуваа додека растевме и бевме девојчиња, повеќе не важи. Денес живееме во друг свет, денес владее себичноста и егоизмот, а колку што можам разберам денес сè повеќе се зборува за еден тип на луѓе кои се нарекуваат „нарцисисти“.

Не е дека таквите луѓе и порано не постоеле, во моето време и во времето на мајка ми и баба ми, но нивните карактери не доаѓале толку до израз, порано се внимавало на моралот и угледот. Денес сè е поинаку, ќерко моја.

Морам да те подготвам за светот што те очекува, за жените кои ќе ти бидат пријателки, а особено за мажите и едниот од нив кој ќе го одбереш за сопруг и „доживетен сопатник“. „Доживотен“ го ставив во заграда, бидејќи денес тоа е мислена именка и речиси такво нешто и да не постои. Затоа.

Нашите баби нè советуваа да бидеме издржливи, да трпиме, да премолчуваме и да сакаме, да сакаме неизмерно.

Тие така нас нèучеа, веројатно затоа што и нив така ги учеле, дури некои од нив и посетувале курс за тоа како да се омажат и како да му угодуваат на својот маж.

Ама јас ќерко моја имам едно само да ти кажам: „Ако сонцето не те огрее в зори, не очекувај да те стопли во приквечерината“.

Ако на самиот почеток не ти успеало со човекот, никогаш нема да ти биде подобро. Попусто ќе лепиш скршена вазна, таа веќе нема да биде истата.

Запамти ќерко моја, дрво од јаболко нема да порасне од семки од портокал, ниту ќе се претвори во палма, такво нешто не може да се случи. Ниту човек кој не знае да сака или кој не те сака, никогаш нема да те засака ниту ќе стане грижлив и добар партнер.

Тоа е нешто што ние жените мора да го разбереме и сфатиме. На почетокот од секоја врска мажите си ги покажуваат своите најдобри особини, покажуваат великодушност и љубов. Сè ќе направат за да те освојат ќерко моја, па дури и ѕвезди од небото ќе ти симнуваат.

Меѓутоа, еднаш штом сфатат дека го освоиле твоето срце, тие повеќе нема да се трудат околу тебе. Подоцна, во бракот, нивото на страста природно се намалува, но кај оние што глумеле таа наеднаш и целосно исчезнува.

Во бракот љубовта се намалува, а остануваат трошоците на животот кои можат да бидат исти, но и тие може да се намалуваат или зголемуваат. Пред бракот мажот ќе ти подарува три ружи, а кога ќе се ожени ќе ти подарува само една.

Ако пред бракот бил љубов-ник и херој, за десет години тој херој целосно ќе исчезне, а ќе се појави маж кој ќе се излежува во тренерки пред телевизорот.

Честопати се случува веднаш после венчавката работите да се влошат, а многу ретко се случува да се подобрат. Само оние кои се храбри и упорни успеваат да го поправат она што еднаш се расипало.

Сепак, не заборавај ќерко моја, дека остануваат лузни кои не можат да зараснат лесно. Ако мажот е материјалист и алчен, тој никогаш нема да биде многу дарежлив во раните фази на додворувањето.

Ќе даде само онолку колку што е доволно за да те освои. Минимумот. И секогаш ќе ти го вели она што сакаш да го слушнеш. Но, тоа драга моја ќе трае само додека да те освои. Од еден рамнодушен тип, никогаш нема да добиеш добар љубов-ник.

Но, за жал, морам да ти кажам дека тоа е нешто што не може да се поправи. Колкава и да е љубовта на една жена, таа нема да биде доволна за да го „поправи“ рамнодушниот маж.

Сè може да остане како што било и претходно, а може да стане и полошо, но верувај ми ќерко, никогаш нема да биде подобро.

Ми се чини дека во денешно време незнаењето е најголемата грешка на сите модерни жени, а за жал, ти си ќерко моја меѓу нив. Не го занемарувај ова што ти го кажав.

Previous articleДенес во Скопје, Унгарскиот министер за надворешни Сијарто, проговори за Груевски
Next articleСе огласи заменик министерот за Правда, Нухиу: Никогаш нема да се согласам да се помилуваат оние кои ги разнишаа темелите на државата