Home News Ковачевски за ФОКУС го потврди своето прво кадровско решение

Ковачевски за ФОКУС го потврди своето прво кадровско решение

Министерот за правда Бојан Маричиќ ќе биде нов вицепремиер за евроинтеграции на местото на Никола Димитров, за кого ќе нема место во новата влада, а Маричиќ ќе остане на функцијата секретар во СДСМ, дознава порталот 24 ИНФО од партиски извори.

Вицепремиерот Љупчо Николовски се враќа во министерството за земјоделие, кое ДУИ ќе го отсапи на СДСМ во замена за министерството за одбрана, од кое Радмила Шекеринска најави дека ќе се повлече.

Директорката на УЈП и заменик претседател во СДСМ Сања Лукаревска ќе остане на партиската функција но можно е да ја добие вицепремиерската функција за борба против корупција.

Фатмир Битиќи останува потпретседател во Владата за економски прашања, како и на едно од потпретседателските позиции во СДСМ.

Нов потпретседател на партијата ќе биде Перо Костадинов. Венко Филипче освен од министерската си заминува и од потпретседателската функција во партијата, исто како и министрите Оливер Спасовски и Мила Царовска. Царовска немаа да биде дел од новата влада, како што самата најави денеска.

Пратеничката Славјанка Петровска ќе биде исто така нов потпретседател во СДСМ, а најверојатно ќе го добие МВР, ако Димитар Ковчевски одлучи да го замени Оливер Спасовски, актуелниот министер..

Според партиски извори, поранешниот градоначелник Петре Шилегов е во игра за прв човек на транспорт и врски, но и за правда. Владиниот советникот за труд и социјална политика Милан Живковиќ ќе биде нов министер за труд и социјала на местото на Јагода Шахпаска.

Фокус денес објави дека Димитар Ковачевски за нивниот портал потврдил дека неговото прво официјално кадровско решение е Миле Зечевиќ.

-Ќе го предложам Миле Зечевиќ за генерален секретар на СДСМ, вели за Фокус новиот партиски лидер и мандатар за составување на новата Влада Димитар Ковачевски.

–Тоа е единственото кадровско решение што можам да го потврдам, за се друго е уште рано да се говори – вели Ковачевски.

Тој додава дека при составувањето на новото партиско раководство, но и идната влада, ќе се запази принципот на континунитет, ќе има и има освежувања, а ќе се ценат и досегашните перформанси на функционерите.

Инаку, дознаваме дека задутре треба да се одржи седница на Централниот одбор на СДСМ, на кој треба да се бира новиот генерален секретар, но засега неизвесно е дали на оваа седница ЦО ќе се прошири со нови членови и дали ќе се кооптираат нови членови во Извршниот одбор.

Previous articleМитко Јанчев го блесна Кавадарци за Нова година – за еден свој потег, доби пофалба и од Ненад Јовановиќ
Next articleБорче: Да видат нашите политичари дека и без потрошен денар може некому да се донесе среќа