Home Live Мила Царовска во тесно џемперче и во карирана сукња, ваква не сме...

Мила Царовска во тесно џемперче и во карирана сукња, ваква не сме ја виделе досега (ФОТО)

Министерката за образование и наука Мила Царовска во изјава за медиумите при посетата на Факултетот за земјоделски науки и храна изјави дека донела одлука да не учествува во новата Владата со новиот мандатар.

– Во изминатите пет години заедно со мојот тим испорачавме политики во интерес на граѓаните.

Продолжувам да се борам и да ги застапувам истите вредности, истите политики и навистина верувам во капацитетот и силата на државата, како и силата на жените и младите“, рече Царовска по посетата на Факултетот за земјоделски науки и храна.

Претходно, Слободен печат објави дека доколку министерката за образование Мила Царовска одлучила дека треба да се повлече и да не биде дел од новата влада, СДМС ќе ја поддржи.

Претпоставувам во координација со новиот мандатар, тоа е нејзина одлука и ние ќе ја поддржиме, вели пратеникот од СДСМ, Ненад Коциќ во гостувањето на емисијата „Само вистина“, зборувајќи за најавата на Царовска за повлекување од ресорот образование и наука.

Според него, имаме бурна година и половина како позиција во парламентот од аспект на образованието.

Царовска оценува дека првото полугодие не треба да заврши предвреме туку на 31 декември. Како што рече, случаите со Ков ид 19 не се загрижувачки и не надминале ни 0,3 отсто од вкупниот број на ученици.

Царовска, при последната посета на Земјоделскиот факултет доби критики за недостиг на субвенции за студентите од оваа област, каде интересот постојано опаѓа.

Во моментов, Министерството за образование, меѓу другото, ги субвенционира студентите на ПМФ, со цел да се создаде нов наставен кадар за основните и средните училишта.

Министерката за образование на наука изјави дека доколку состојбата драстично се промени поради ризикот со оми крон и ако во други сектори се донесат други, како што рече, драстични мерки за ограничување, МОН тогаш има одговорност да

ги разгледа тие факти и аргументи и заедно со Комисијата за заразни болести ќе донесе одлуки што ќе бидат во интерес на учениците и на заштита на јавното здравје.

Царовска на својот Фејсбук профил објави слика од неа, облечена како што досега не сме навикнале да ја гледаме.

Обично, министерката за образование е во костуми и тоа секогаш во разни бои, ама овој пат си дозволи да се облече малку поианку и послободно.

Царовска облече син тесен џемпер и карирана сукња на Фармацевтскиот факултет при УКИМ, што е малку понеформално од нејзиното досегашно облекување: Костуми, кошули…, и одржа говор на настан кој на Фејсбук го објасни на овој начин:

Со над 20 милиони денари кои ги инвестираме во развој и опремување на 5 лаборатории на Фармацевтскиот факултет при УКИМ, директно вложуваме во апликативната наука, но и во подобрување на условите за настава.

МОН за јакнење на лабораториските ресурси обезбеди 224 милиони денари за 44 проекти, меѓу кои е и Фармацевтскиот факултет, додека за поддршка на јавните научни институти обезбедивме 19 милиони денари.

Продолжуваме со инвестиции во науката, затоа што тоа е од највисок приоритет за државата и нејзиниот развој.“

Previous articleБорче: Да видат нашите политичари дека и без потрошен денар може некому да се донесе среќа
Next articleСе пофали Огнен Здравковски: Ми стигна мојата нова лепотица (ФОТО)