Home News Митко Јанчев го блесна Кавадарци за Нова година – за еден свој...

Митко Јанчев го блесна Кавадарци за Нова година – за еден свој потег, доби пофалба и од Ненад Јовановиќ

Драги кавадарчани! Кавадарци блесна со новогодишен сјај! Градот е украсен како никогаш досега!

На плоштадот и низ улиците може да се види новогодишната декорација со нови украси, новогодишна елка и осветлување со кои се чувствува празничната атмосфера.

Имаме и Божиќен пазар во украсени куќарки, каде кавадарчани ќе можат да навраќаат да се стоплат или освежат со некој пијалок, храна, но и да купат по некој новогодишен украс.

И бидејќи новата година ни чука на вратата, можеме да се подготвиме за празнично расположение во кое се добредојдени сите и да уживаме во звуците на најубавите новогодишни и божиќни песни.

Повелете од 25 декември на градски плоштад Кавадарци. Ве чекаме… Со љубов за Кавадарци! Кавадарци за сите, напиша Митко Јанчев на својата страна на социјалните мрежи.

На големиот православен верски празник кој е од големо значење за фамилијата Јанчеви, оваа година по втор пат, Фондацијата “НИКОЛА ЈАНЧЕВ” Кавадарци во насока на мисијата и визијата на фондацијата, како и според Програмата на

Фондацијата за 2021 година и Одлуката на Одборот на фондацијата “Никола Јанчев” Кавадарци , финансиски средства од 1 800 000 денари ќе се наменат за помош и поддршка во областа на здравството.

Финансиските средства се обезбедени од ченовите на семејството Јанчеви и од семејната компанија Кожувчанка.

Финансиските средства ќе се наменат за набавка на опрема односно ултра звучен апарат – ЕХО, за потребите на Универзитетската клиника за Гастроентерохепатологија при ЈЗУ Клинички центар “Мајка Тереза” Скопје Македонија.

Фондацијата продолжува и понатаму да дејствува во насока на помагање и поддршка таму каде што е најпотребно.

За многу години денешниот празник св.Никола. Среќни и весели нека ни бидат и престојните новогодишни и божиќни празници.

Ова на својот профил на социјалните мрежи, го сподели политичкиот аналитичар Ненад Јовановиќ, кој важи за исклучително близок до политиките на актуелниот премиер Зоран Заев.

Previous articleЈове Кекеновски му се обрати јавно на бугарскиот премиер Петков: Жално е вака млад човек, да користи речник од минатиот век
Next articleКовачевски за ФОКУС го потврди своето прво кадровско решение