Home Live Некој ја нарече Есма “Ромка која завива”, синот Симеон луто се огласи...

Некој ја нарече Есма “Ромка која завива”, синот Симеон луто се огласи на Фејсбук

Изреволтиран од колешка која наводно не знаела која е Есма Реџепова и изјавила „Која е таа Есма“, на својот Фејсбук профил се пгласи нејзиниот син, Симеон Атанасов кој луто изрегира на оваа изјава.

Инаку, тој неодамна даде интервју за kliknime рече: Размислувајќи за се што се случува во врска со прифаќањето на тестаментот на Есма и Стево Теодосиевски од страна на оваа власт, ми се наметнува прашањето дали воопшто вреди да се биде уметник во оваа наша Македонија?

Ако државата не ги признава и не се грижи за едни такви уметници од светски калибар, што останува за некој што нема таков успех, а сепак твори, компонира и ја промовира македонската музика. Стигнуваме до следниот заклучок – да се биде уметник во оваа држава не вреди!

Дали оваа политичка гарнитура ќе се освести? Додека власта се мисли, и не носи одлука дека се нафаќа да биде наследник на тестаментот на Есма и Стево Теодосиевски, Брисел донесе одлука во чест на Есма Реџепова, да именува една метро станица.

Политичари, освестете се!“, изјави Симеон, а по по повод колешката пејачка која не знаела која е Есма, тој рече:

– Почитувани пријатели, Изреволтиран од информацијата која што ми ја даде близок пријател, решив да го напишам овој пост.

Сакам да им дадам дознаење на сите оние кои имаат исто мислење како дотичната “колешка” или можеби подобар назив за неа пејачка, бидејќи не заслужува да го добие епитетот – уметник.

Впрочем во непосреден разговор со мој близок пријател, изјавила:”Која е таа Есма? Нема врска од пеење, туку само завива како оџите од џамија.” Јас пред се,с е извинувам на сите муслимани што морав да ја цитирам и да го напишам овој збор.

За мене сите вери се исти и постои само еден Бог. Би можел да го кажам следното и да и одговорам на дотичната пејачка, бидејќи сум сигурен дека ќе се пронајде во овој текст, а до овој момент мислев дека е пријателка на нашето семејство.

Секогаш кога ќе ја сретнеше Есма, трчаше во нејзината прегратка за Есма да и раскажува во кои се светски дворани има настапувано. Ќе набројам неколку успеси на Есма Реџепова:

*Прогласена за Кралица на ромската музика во цел свет (1976 год., Индија) *Златна плоча “Зошто си ме мајко родила” *Златна плоча “Свадба македонска” *Златна плоча “Чае шукарије”

*Примадона на Европско пеење(1995 год.,Бон,Германија) *Пејачка на милениумот( 2000 год.,Москва,Русија)

*На популарното радио NPR во Америка е ставена во листата на 50-те врвни гласови од цел свет ( 2010 год.). На оваа листа и правеа друштво Марија Калас, Ела Вицчерланд,Махалија Џексон,Нусрад Фатех, Али Кан,Иги Поп итн.

*Два пати номинирана за Нобелова награда за мир *Национален уметник на Р. Македонија

Она што е најважно за Есма Реџепова Теодосиевска иако не беше биолошка мајка, таа изгледа 48 деца, кои што денес се, пред се вистински луѓе, а потоа и врвни уметници.

Ова се однесува на сите оние кои го делат мислењето на дотичната “пејачка” бидејќи сум убеден дека ги има многу од нив. Кога ќе постигнете барем дел од овој успех, на како што велите “циганката која завива”,тогаш можете да коментирате.

Previous articleД-р Никола Пановски предлага превентивна мерка на границите како заштита од новиот сој
Next articleБилјана живее со два болни сина и работи цел ден на студ за 200 денари, нашите познати музичари ја посетија