Home News Се огласи заменик министерот за Правда, Нухиу: Никогаш нема да се согласам...

Се огласи заменик министерот за Правда, Нухиу: Никогаш нема да се согласам да се помилуваат оние кои ги разнишаа темелите на државата

По недоразбирањата на првите луѓе на правдата и реакциите на партиите и јавноста, ресорниот министер ја повлече листата за помилување на зат вор еници.

Последните информации се дека министерот Бојан Маричиќ ќе бара дополнителни консултации и проверки на имињата предложени за помилување.

Претходно заменикот министер Агим Нухиу излезе со став дека се оградува од списокот со помилувања на осуденици потпишан од неговиот министер, истакнувајќи дека за предлозите за помилување на некои затвореници, не се согласил и реагирал во институциите.

– За предлозите за помилување на некои затвореници, кај заменик министерот за правда не се согласив и секако институционално реагирав.

Предлозите до Управата на затворите за помилување на одредени затвореници кои со своите криминализирани дела вознемируваа граѓани и ги уриваа темелите на државата, никогаш нема да ја добијат мојата поддршка и не треба да имаат поддршка ниту од министерството за правда.

Никогаш нема да молчиме за каузата на правдата”, напиша заменик-министерот кој доаѓа од редовите на Демократската Унија за Интеграции.

На ставот на Нухиу пак реагираа Алијанса за Албанците и Беса. Од Алијанса се децидни дека зборовите на заменикот министер докажуваат дека тој и неговите сопартијци во Владата се само за да ги легитимизираат бан  дитск ите одлуки на овој режим.

– Наместо да се огради, Нухиу треба да прецизира дали е кук авица и се крие зад Маричиќ или е марионета која никој не ја прашува за ништо во тоа министерство. – велат од Алијанса на Албанците.

Во секој случај, тој треба веднаш да се повлече, бидејќи и самиот призна дека не е достоен за тоа, како што никогаш досега не бил. Од Беса пак велат дека постапките на Маричиќ и Нухиу овозможуваат амнестија на кpи мин алците.

– Последниве денови во Северна Македонија правосудниот систем е сериозно на уд ар со обидот за амнестија на лица кои имаат проблеми со за конот, како што е неодамнешниот случај на сторителот на нечовечкото дело – ув ие цот на 4 годишниот Алмир.

Неодамнешните постапки на министерот за правда и заменик министерот од Демократската Унија за Интеграции овозможуваат амнестија на криминалците и престапниците во оваа земја. – велат од БЕСА.

Конечната верзија на списокот треба да биде испратена до Комисијата за помилување. Која денеска ја откажа седницата во рамки на претседателството.

Кабинетот на претседателот ги извести членовите дека се откажува состанокот што беше свикан во 14 часот, со извинување за доцното известување.

Previous articleЌерко моја, да ти кажам нешто пред да се омажиш: „Нема да ти биде подобро“
Next articleМилица во проѕирен фустан лазеше по спална, а обожавател ѝ порача: Мачкај го тоа два пати на ден (ФОТО)