Home Live Се пофали Огнен Здравковски: Ми стигна мојата нова лепотица (ФОТО)

Се пофали Огнен Здравковски: Ми стигна мојата нова лепотица (ФОТО)

Предминатата година, македонскиот пејач Огнен Здравковски, кој беше финалист на музичкиот натпревар „Ѕвездите на Гранд“, се обиде а го освои регионалниот музичи пазар, и му успеа, дека по Звезде Гранда, за него дознаа и во Србија.

Неговиот музички „поход“ сепак почна од Македонија каде иако испеана на српски јазик, автори на неговата нова песна се братско-сестринскиот тандем Лазар и Магдалена Цветковски, од чија фабрика за хитови излегува и оваа песна која се вика „Извини“.

Во темата „Извини“ виолините ги свири сестрата на Огнен, Олгица Здравковска која исто така како и тој е академски музичар. Покрај авторството Лазар и Магдалена ги пеат и придружните вокали, а хитмејкерот го потпишува уште и аранжманот, а стои и зад продукцијата, миксот и мастерингот на песната која е снимена во неговото „ЛЦВ студио“.

Огнен имаше уште многу музички планови кои ги поремети пандемијата, но и заминувањето на нему драга личност, неговиот вујко Зоран Џорлев.

За прв пат во јавноста, во интервју за Бекстејџ, со солзи во очите, Огнен Здравковски зборуваше за загубата на својот вујко и болката по неговото заминување.

Зоран Џорлев, познатиот виолинист, музичар и професор си замина на 1 јануари годинава, поради последиците од вирусот. „Велат дека времето лечи се, ама тоа не е точно. Болката не може да се заборави, цел живот ќе ја носиме со нас.

Ќе чекорам по неговите стапки, ќе одам по патот по кој што одеше тој и ќе гледам успешно да ја продолжам неговата традиција.“ изјави Огнен. – Секој ден имавме по некоја интересна заедничка случка. Со него ми се случуваа само убави, позитивни и среќни моменти.

Ги има многу, но во овие тешки денови не можам да ги раскажувам. Ама, здравје, во иднина ќе раскажам се она што е недоречено за него“ рече Огнен за Репортер.

– Музиката е мојот живот уште од кога се родив, уште од кога бев бебе живеам и растам со музика. Кога имав 6 години моите родители ме запишаа во нижото музичко училиште во Скопје.

Една година одев само на солфеж, да научам ноти, потоа наредната година почнав да учам да свирам на виолина.

7 години свирев на виолина и потоа престанав, поради оправдани причини, ја скршив раката и имав итна интервенција, па не смеев да свирам една година, а требаше да се запишувам во средно.

Бидејќи не смеев да свирам се запишав на пеење и од тука почна се. Во сето ова уште од почеток, па до ден денес најголемата поддршка ми се моите родители и мојата сестра, вели Огнен за КУРИР.

Пред се пресреќен сум што потекнувам од ова семејство. Голема предност е што ги имам нив секогаш позади мене, ама искрено никогаш не сум го користел тоа. Не ме буткале и не ме терале да правам нешто на сила.

До сега се што имам стекнато и постигнато се трудам да го направам сам без нивна помош.

Ако го носев презимето “Џорлев”, ќе ми беше дупло потешко отколку до сега.

Ама сепак сите знаат чиј сум и од кое семејство доаѓам, така да колку што е тоа убаво понекогаш и не е бидејќи треба многу да се внимава за се како правам и што правам, откри младиот пејач.

Денеска, кога е веќе етаблиран пејач, тој на Фејсбук се пофали со нов, убав автомобил и напиша: Ми стигна мојата нова лепотица, добредојде дома душо“, вала Огнен ја нарече својата нова кола. Со здрваје да се вози!

Previous articleМила Царовска во тесно џемперче и во карирана сукња, ваква не сме ја виделе досега (ФОТО)
Next articleД-р Никола Пановски предлага превентивна мерка на границите како заштита од новиот сој