Home Live Анета Молика ги разочара Македонците во Шведска, им откажа љубов

Анета Молика ги разочара Македонците во Шведска, им откажа љубов

Познато е дека фолк пејачката Анета Мицевска е горда мајка на 16 годишната ќерка Моника, која не толку често ја експонира во јавноста.

Гордоста на мама Анета и тато Џими израсна во вистинска убавица, која се повеќе наликува на својата позната мајка.

Младата Моника има талент за пеење, но не сака да биде пејачка, а нејзината баба во едно неодамнешно интервју изјави дека наследничката на Анета учи стоматологија и сака тоа да биде нејзина идна професија.

-Воопшто не ми е лесно. Но, за секоја една работа мора да постои жртва. Во нашиот случај тоа е нашата ќерка Моника.

За среќа тука се моите родители, кои се грижат за неа исто како што би се грижела и јас. Многу ми недостасува бидејќи постојано сме на пат. Но, сите имаат разбирање за нашата работа“ изјави пејачката во едно интервју.

Анета и групата Молика се едни од најбараните и најплатени фолкери кај нас. Пред пандемијата, апсолутно секој викенд им беше букиран, а беа и чести гости и во дијаспората каде полнат сали и распородаваат концерти како од шега.

За успешна музичка кариера потребен е глас, но и стас! Дека овие две компоненти одат рака под рака потврдува и Aнета Мицевска од составот „Молика“, која смета дека убавината без вокалот, но и обратно за на сцена не е доволна и вели дека она што е пријатно за уво, мора да биде и убаво за око.

Една од најпознатите македонски пејачки која воедно го поседува најмоќниот женски вокал во земјава, Анета Мицевска со публиката се дружи од нејзина 14 годишна возраст.

Таа вели дека иако е многу тешко да се издржи овој период без нивните свирки и дружбата со фановите, сепак мора да се продолжи напред и тоа само со позитивни мисли.

– Многу ми фали публиката нормално, на секој пејач би му фалела. Јас ова го работам од 14 години, така да, повеќе сум навикната со публиката, отколку дома.

Се надевам дека брзо ќе помине ова, не знам што друго би кажала бидејќи сите сме разочарани од ова што не снајде и не само нас, туку цел свет стр ада од оваа бол ест“, изјави таа во интервју за време на пандемијата.

Мислам дека е време да мислиме на позитивни работи, на убави работи и да почнеме да се дружиме.

Токму сега на колегите им зборував за тоа колку ми фали ова, да се собереме за снимање на Новогодишни шоуа, емисии или било што. Многу ми фали навистина и сигурна сум дека на сите им фали.-истакна Анета, во интервју за ИН ТВ.

Анета на својот Фејсбук профил додаде нова објава поврзана со настапот за Нова година во Шведска, во Гетеборг, кој требаше да се случи за нашинците таму, но веста којаја објави за нивна жал не е добра:

– Почитувани ФБ пријатели, ве известуваме дека дочекот на Нова 2022 година кој требаше да се одржи во Гетеборг, Шведска се откажува.

Денес Шведските власти донесоа одлука за забрана на поголеми манифестации од 50 луѓе поради новата ситуација со Кови дот.

Се извинуваме и се надеваме дека во блиска иднина ке помини и ова лудило. АНЕТА И МОЛИКА“, стои во објавата на оваа наша популарна пејачка и група.

Потоа, стасаа многу коментари со разочарување , но и со поддршка за групата „Молика“ од нивните обожаватели.

Previous articleСопругата на Балашевиќ ѝ подари уникат на внуката Симона, која ќе има вечен спомен на дедо ѝ
Next articleДушко од Струмица: Ка бе да не го искам Заев, пишам ф 1, он враќа ф 1.30