Home News Д-р Ненад Лазаров апелира: Веднаш да се превземат мерки, новиот сој се...

Д-р Ненад Лазаров апелира: Веднаш да се превземат мерки, новиот сој се шири многу побрзо од претходните

Новиот сој од корона вирусот, Омикрон, за првпат се појави пред повеќе од еден месец во Јужна Африка. Во меѓувреме се прошири речиси насекаде.

Првите информации се дека новиот сој Омикрон е многу позаразен од претходните (полесно се пренесува), но исто така и дека дава поблаги симптоми, што може да значи позитивна вест.

Здравтсвените работници и научниот свет, апелира на имунизација, особено со третата бустер доза, за која се смета дека може да има највисоко ниво за заштита, особено како превентива од хоспитализација и непосакуван тек на болеста.

Еден од нашите најактивни доктори, на терен и на социјалните мрежи, Ненад Лазаров, денес ги изнесе своите сознанија околу новиот сој и даде предлози како да се заштитиме при евентуалниот нов бран со сојот кој неминовно ќе пристигне и кај нас:

„1. Омикрон варијантата е еден од најзаразните вируси познати досега во историјата

2. Се шири АЕРОГЕНО и десетици пати поуспешно од претходните варијанти

3. Најзаштитена категорија се луѓето со 3 дози на вакцина

4. За тежина на болест е рано да се зборува, најверојатно е полесна слика но проблемот е во тоа што од драстично поголем број на новозаразен повторно ќе генерираат огромен број хоспитализации

5. Ако го видиме сценариото кое се моментално се случува во Европа и Америка и кај нас, а секако ќе го видиме, нашиот здравствен систем ќе кол абира за неколку дена со оглед на тоа дека веќе сме кол абирани..

Без редовно секвенционирање и со вакво мизерно несериозно тестирање ние немаме поим што всушност се случува на терен. За ова Филипче вечно ќе сме ти благодарни!

Она што сигурно ќе ни помогне е следното:

1.Веднаш да се премине на препорака за употреба на минимум N95/ffp2 стандард за цивили наместо оваа циркузијада со хир уршки маски, шалови, бандани и др. мандани.

2. Веднаш да се откажат и забранат секаков вид на масовни собири во затворено

3.Децата на распуст продолжен и онлајн настава додека не ни стане јасна ситуацијата

4. Секој невакциниран да се вакцинира вчера, за медицинари треба да биде задолжителна и трета доза!

Од сите нас зависи исходот, особено кога од властите имаме малку или воопшто грижа и помош!“

Previous articleЗоран Заев се обрати последен пат од функцијата Премиер – упати порака дека проектот „Отворен Балкан“ не смее да запре
Next articleВелевска се расплака: Бев исфрлена на улица, и го чекам денот кога ќе ми се вратат децата (ФОТО)