Home Live Џамбазов по пет години во прегратките на сестра му Тања, Илина ѝ...

Џамбазов по пет години во прегратките на сестра му Тања, Илина ѝ упати порака за добредоје (ФОТО)

Сите што ја познаат Тања Џамбазова, сестрата на Игор Џамбазов, ќерката на Анче Џамбазова и на Александар Џамбазов која живее во Сан Франциско, знаат дека се работи за интересна жена, со опсежен статус на професија и дека кревката градба е само „камуфлажа“, напиша Утрински весник во една прилика.

Едните велат дека е уметница, граѓанин на светот, другите дека се грижи за планетата Земја, ама и за луѓето, животните и идеите. Всушност темата е комплексна и голема, но тоа секогаш било така во фамилијата на Џамбазови.

Тања е архитектка која со успех работи во компанија за дизајн на софтвер во Сан Франциско.

Таа ретко доаѓа во Македонија, а последен пат во Скопје била в0 2016 година, кога ненајавено се појави на неговата промоцијата на новата книга „Ум рен човек“ на Саемот на книгата на штандот на „Три“.

– Одбрав професија за која не знаев ништо, отидов во места во кои не познавав никого.

Човек е поподготвен за живот кога не планира со помош на другите и кога прави сам свои фундаменти. Така знае дали се работи за фундаменти од дрво, армиран бетон или жив песок, и знае колку тежина да стави.

Таа индивидуалност и гордост ми е сигурно наследство од мама. Тие што ја знаат отпорано знаат дека никогаш го нема користено фактот дека Петре и’ е татко. Никогаш ништо не му побара, ниту, пак, очекуваше. Дури ни во најтешки моменти.

За Игор слушам повеќе од интервјуа или од други луѓе отколку од него. Тој е мојата насмевка, животна инспирација, грижа и солза.

Не ни е важно колку често се слушаме или гледаме. Знаеме дека сме тука еден за друг и молчаливо ги гледаме изборите што ги правиме и како ги решаваме животните костеци во кои ќе се најдеме.

Се познаваме длабоко за работите кои се важни, ама сме странци за работите што се тривијални или ‘nonise’. Многу би сакала кога би знаел каде и како живеам, и кога би доаѓал да ме види.

Игор е неуморен, прави, а не зборува. Не е доволно да ти даде господ талент, треба нешто да се направи со тоа. И зад книги, и зад музика и шоуа стои многу работа, големи истражувања, читања и мислења.

Тој се качува и паѓа, но не го запира. Мозокот му врие со идеи, со мисли, но ги става во ноти, на хартија, на сцена, на телевизија.

Мојот брат е генијалец во секаква смисла, а најфасцинантно и апсурдно е што е скромен и кроток. Игор никогаш не се однесувал ниту замислувам дека е нешто поважен од другите.

Има приземјување на громобран. А најмногу го почитувам поради тоа што живее искрено со себе и со тоа што го прави среќен“, изјави таа во истото интервју за својот брат.

Кога Игор минатата година славеше роденден, Тања му честиташе на овој начин: 15.35 часот, пред 57 кратки години, падна гром и се роди Игор, мојот еден, единствен брат. thanks for the breathtaking ride, brother, еве ја мојата честитка, напиша Татјана.

– Кога пред 30 години си замина од дома, сфатив дека Македонија е премала за тебе. Сега тоа го мислам и за светот. Среќен ти роденден, систер“, напиша Џамбазов за сестра си, во неговата честитка за роденден.

Татјана е сега повторно дома, и таа објави слика со својот брат, и напиша: реобдинување! Сликата на своето стори исто така ја сподели и Игор и се гледа дека братот и сестрата се заедно доста среќни, по долго време.

Инаку, таа своето доаѓање дома по 5 години, претходно го најави на Инстаграм, додека патуваше.

– После 5 години конечно си одам дома! Имеил непосредно пред летот ме потсети дека нема да има многу време за одмор, но барем ќе бидам опкружена со саканите што ми недостигаат многу.

Следна средна станица, Виена!“, напиша Татјана и во објавата ги означила Игор и Илина.

На ова, таа добила одговор од Илина: Добредојде дома, напишала Арсова која е во врска со нејзиниот брат, Игор.

Previous articleКатарина Ивановска се тегне на тренинг, синот ѝ е поддршка (ФОТО)
Next articleВидете што облече Лепа Брена за снимањето на „Гранд“, поуникатна од сите колешки (ФОТО)