Home Live Душко од Струмица: Ка бе да не го искам Заев, пишам ф...

Душко од Струмица: Ка бе да не го искам Заев, пишам ф 1, он враќа ф 1.30

Зоран Заев по вториот круг од локалните избори и поразот на неговата партија, вечрта пред јавноста соопшти дека си дава неотповиклива оставка од премиерското место, но и од местото претседател на партијата СДСМ.

И покрај шпекулациите дека ова е само една игра од Заев, тој си остана на зборот и се повлече од лидерското место во СДСМ, а за утре најави дека ќе се повлече и од местото премиер.

Заев денес од самитот „Отворен Балкан“ во Албанија, напомена дека ова е веројатно негов последен говор од позицијата премиер:

„Дозволете во завршницата на ова мое јавно обраќање, веројатно и последно од оваа моја функција, да им се заблагодарам на претседателот Вучиќ и на премиерот Рама за споделената заедничка верба во визијата и потребата од „Отворен Балкан“.

„Отворен Балкан“ е процес од кој нема враќање. Нема ниту една причина да го напуштиме патот кој води кон исклучително блиска соработка во регионот.

Да направиме се’ што е потребно да се интензивираат контактите, познанствата, размените и заедничките иницијативи меѓу младите од нашите држави преку организација на настани.

Од заеднички летувања, преку спортски турнири и културни настани до научно – истражувачки хабови, за што секако е неопходен иницијален буџет од трите држави за кои што сме спремни да го поддржиме.

Нашите народи, македонскиот народ, албанскиот народ и српскиот народ, како и народите на другите земји од регионот, пред себе имаат ист пат. Имаме иста визија и исти вредности. Тоа се европските вредности. Одиме по истиот пат, заедно, напред, поврзани.

Чувајте го и развивајте го Отворен Балкан, а денеска сите видоа дека и мојот наследник, Димитар Ковачевски, подеднакво исто ќе биде посветен на овој процес, и лично верувам дека неговиот придонес големо освежување за овој процес.“

За Зоран Заев, оние кои го познаваат, но и оние кои не го познаваат велат дека е човек кој е секогаш достапен и спремен да помогне.

Неговиот телефонски број го имаат многумина и речиси сите кои му пишале, добиле одговор од премиерот. Токму оваа негова човечка димензија, многумина ја напоменуваат како една од неговите најголеми доблести.

Последен таков пример, сведоштво на човек кој не го познава, но комуницирал со премиерот, е Душко Чучурски од Струмица. Тој на оригинален струмички дијалект, објаснува како течела комуникацијата со Заев:

„Ка бе да не го искам ЗАЕВ. Пишам смс ф 12 он врне ф 12 и 2мин. Пишам ф 1 он врне ф 1 ипол. Е чеке бе да беше некој ќе речеше КОЈ Е ТОВЕ ПОМОЧКО ДУШКО НА ТАА МАКА ДА ВРНА ПОРАКА.

Е затова ЗА НОГУ ДРУГИ РАБОТИ за мене Заев е човек, а после премиер, преседател па дај боже и на дрзавата да стане прецедник.“

Previous articleАнета Молика ги разочара Македонците во Шведска, им откажа љубов
Next articleДанела работи паметно – сака да ги придобие на своја страна здруженијата кои се најгласни во јавноста