Home Live Ирена Спасовска за Нова година кај Горан Алачки, со него започна се…

Ирена Спасовска за Нова година кај Горан Алачки, со него започна се…

Нема кој не ги паметои како трио Ирена Спасовска, Адријана Алачки и Горан Алачки кои беа фолк-трио, активни на сите домаши фестивали и настани и беа интерсесни и необични во тоа време.

Беа познати по песните: „Денес свадба се прави“, „Доста ми се твоите лаги“, „Ова е приказна стара“ во која триото го придружуваше и Ферус Мустафов. Ирена и Адријана беа специфични по имиџот, за секој настап беа облечени во впечатлива креација.

Повеќе од дваесет и пет години откако веќе не настапуваат заедно, двете дами велат дека го одржуваат пријателството. Адријана и Ирена лани се дружеа во еден домашен спа центар и евоцираа спомени од старите времиња.

Наспроти мислењето дека не сме во контакт, ние и по повеќе од 20 години ја одржуваме комуникацијата. Бизнисот ни е во различни насоки, но нашето пријателство сѐ уште егзистира“, изјави Алачки во Женски магазин, која е претседател на „Гастромак“, националната асоцијација на готвачи, и автор и водител на емисијата „Вкусот на традицијата“.

Ирена пак е посветена само на музиката. Спасовска е една од нашите најпознати фолк-пејачки, која покрај песната, публиката ја прилкеува и со својот изглед. Таа неодамна изјави дека го нашла совршениот начин како да ја ослободи негативната енергија.

Во 2020 година, кога послабо имаше настапи, Спасовска раскажа дека за малку ќе паднела во деп -ресија, но спортот ја одржал. „Кризата нè погоди најмногу нас, естрадните уметници.

И да бидам искрена за да не западнам во меланхолија, многу ми помогна тоа што возев по два часа часа велосипед на ден, и целата негативна енергија ја ослободував преку возењето. Нашата работа е специфична, бара контуинирано работење и не трпи подолго излегување од колосек.

За да се одржи во добра форма, пејачката редовно вежба во теретана со личен тренер, внимава на изгледот, вегетаријанец е и се храни здраво. „Секое утро, пијам свеж лимон со пола литар топла вода“, вели Ирена за својот ритуал.

Спасовска се покажа и како добра домаќинка, па за Василица лани објави слика од василичарското диетално лепче и напиша: „Идеална диетална храна за детокс на организмот после празниците е лепчетп без брашно од цели изртени зрна.

Од хумусот со различни вкусови го преферирам пикантниот и есенскиот“, рече Ирена. Алачки пак, веќе долги години ја води емисијата „Вкусот на традицијата“.

Таа лани со радост сподели една многу убава вест. Тоа е новиот циклус на емисијата „Вкусот на традицијата“, но со поинаков концепт од претходниот.

Со својата голема страст, готвењето, таа ги „за рази“ и своите колешки од естрадата, па сега Адријана нема веќе да биде сама во кујната, друштво ќе ѝ прават и колешките.

Вкусот на традиција“ повторно ги спои Ирена и Адријана. Како во старите добри времиња, двете пејачки пак заедно, но овај пат не пред микрофон, туку во кујната. Ирена со фотографии се пофали на Фејсбук.

Здарвиот начин на исхрана таа го промовираше кај Адријана во еисија и зготви вегетаријански оброк, по кој Адријана го рече нејзиното познато мх, мх, мх.

„Вегетаријански специјалитет, лазањи со тиква и полнети и печени компири. Вкусот на традицијата. Јас и мојот асистент во оваа емисија“, напиша Ирена на Фејсбук.

Можеби оваа кулинарска дружба ќе ги натера двете пријателки повторно да запеат заедно, никогаш не се знае.

Но, она што е познато за Горan Алачки е дека тој веќе не живее во Скопје туку се пресели во негивиот беровски крај, поточно во селото Владимирово, од каде што објавува слики како ужива во идилата.

Алачки ианку се кандидираше и за градоначаник на Берово и целата кампања ја водеше меѓу тамошниот народ. Ирена сега оди во крајот на Алачки, со кого всушност ја започна кариерата, таа за Нова година ќе пее токму во неговото село, Владимирово.

-Оваа година мојот избор за дочек на Нова година е фантастичниот ресторан Бастион во преубавото место Владимирово со најчист воздух, на 3 км од Берово.

Заедно со Дејан Бугарче Здравков ќе направиме оваа Нова година долго да биде во вашето сеќавање“, напиша Ирена на Фејсбук.

Previous articleГавазова раскажа на што ги троши парите од Јасмин кој има успешен бизнис
Next articleАпасиев со порака до газдите на фирмите: Вашата алчноcт не се тpпи, ко ќе дојде Левица на власт 2 слободни дена ќе има