Home News Коментирајќи го сведоштвото на Груевски, читателка раскажа како мајор и капетан упаднале...

Коментирајќи го сведоштвото на Груевски, читателка раскажа како мајор и капетан упаднале во Радио Валандово

Поранешниот премиер на Македонија и поранешен лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, завчера на Свети Никола, денот кога пред многу години се упокои неговиот вујко Јордан Мијалков, раскажа што му рекол во доверба, во времето пред повлекувањето на ЈНА од Македонија.

Наша читателка Снежана Шунтова, под тектот на Груевски, ги потврдува неговите зборови како вистинити и раскажува како припадници на ЈНА, упаднале во Радио валандово, барајќи од новинарите да прочитаат соопштение:

„…Денешниот ден 19 Декември секогаш ќе го памтам и по тра гич ната cм pт и во крајно сомнителна сообраќајна нес реќа со многу неразјаснети околности, на мојот вујко Јордан Мијалков, прв министер за внатрешни работи на Република Македонија во владата на Никола Кљусев.

Јордан беше еден од најголемите македонски патриоти кои било кога сум ги запознал во мојот живот.

Тој е првиот човек од кого уште како дете кон крајот на седумдесетите години и во текот на осумдесетите ги слушав зборовите “независна Македонија” и поривот за тоа.

Исклучително храбар човек, идеалист и патриот, подготвен на секакви ризици кога беше во прашање Македонија. Човек кој уште во осумдесетите години во времето на СФРЈ насекаде со гордост ја прераскажуваше историјата на Македонија а особено онаа од периодот на ВМРО, како онаа за која беше дозволено да се учи така и онаа која тогаш ја немаше во учебниците.

Се сеќавам еден летен ден во 1991 год се јави по телефон од МВР и побара да му однесам нешто од дома.

За кратко бев таму. Низ градот, пред Собранието, Владата, МРТВ и уште неколку клучни објекти веќе имаше поставено некакви боp бени возила со кои тогаш располагаше полицијата, а полицајците наоколу невообичаено стоеја со авт ом атско op ужје.

Само што влегов во неговата канцеларија ме замоли да излеземе од зградата, па тогаш и сватив зошто всушност ме викна. Надвор ме ш оkи pаше кога тивко ми кажа:

“ти кажувам во најголема доверба и не смееш никому да кажеш. Имам информација дека можно е вечерва, или деновиве да има држ авен уд а р во Македонија. Ако ум paм сакам да знаеш и да пренесеш – во Штип да ме за коп аат!”.

Подоцна дознав дека тие денови Премиерот и неколку министри ги распоредувал да преспиваат на непознати локации за ЈНА.

Тој државен у д а р кој веројатно ЈНА го планираше, за среќа не се случи. Но неколку месеци подоцна се случи неговото заг инување во крајно сомнителна соо браќајна нес реќа помеѓу Врање и Бујановац. Иако ја пренесов неговата желба, во тој ха oc кога ја примивме тра гична та вест, сепак беше за копан во Скопје.

Најголем “грев” кој му се препишуваше од страна на тогашната ЈНА беше тајната операција со која МВР ја заплени целата документацијата на ЈНА, во ист час во ноќта, во сите подрачни единици во земјата на Министерството за одбрана.

Тоа беше негова идеја, тоа го знам изворно од него, иако по неговата см pт многумина си ја препишуваа. Операцијата под негова команда ја реализира МВР.

Во тој период ЈНА се подготвувала да изврши присилна мобилизација на десетици илјади Македонци, како резервен состав и нивно експресно испраќање на фронтот на ЈНА во Хрватска.

Акцијата спречи илјадници Македонци бесцелно да ги загубат животите а дел од нив да останат во ени ин вал иди засекогаш. И секако и илјадници Хрвати од другата страна.

Оваа молневито извршена акција, за која неколку часа пред да се изведе одобрување доби и од Премиерот Никола Кљусев и претседателот Киро Глигоров, го спречи тоа.

Покрај нив само уште мал број министри знаеја за акцијата, како Ѓорѓи Наумов, министерот за правда и Тодор Аџисанков, подсекретар во Министерството за одбрана, луѓе од негова голема доверба и другари од деца од Штип.

Можете само да ги замислите лицата на генералите на ЈНА кога следното утро при пиењето на утринското кафе ја добиле веста за заплената на документацијата без која неможеа да регрутираат ниту еден војник и да ги реализираат зацртаните планови.

Тие точно знаеле кој е одговорен за тој нивни пораз. Така Јордан Мијалков cпаcи илјадници жи воти, но го загуби својот живот“, напиша завчера Никола Груевски.

Снежана Шунтова со својот коментар, сведоштво што се случувало во Радио Валандово:

„Да споделам и јас едно искуство- Имено ние како и останатите 29 локални радио станици во Република Македонија, во тие бурни денови, добивме телеграма од Влада на РМ потпишана од Н. Кљусев во која се сугерираше сите потенцијални регрути да заминат од своите домови и да се засолнат на места за кои ЈНА неможе да претпостави.

Соопштението се емитуваше, а следниот ден имавме посета од еден мајор, капетан и уште 2 воени лица, кои донесоа соопштение со содржина спротивна од онаа на Владата (при што ни соопштија дека знаат за телеграмата од Владната односно од Н.Кљусев).

Одбивме да ја читаме, бевме едно од петте радија во Р.М кои го сторија тоа, 24 им го емитуваа. Си заминаа без некој посебен притисок.

Станува збор за Радио Валандово и за редакцијата од четворица луге-Петар, Лилјана, Илија и Снежана. Се ми се чини дека значајна улога имаше и ТЕО-и Генеалот Томислав Трајчевски.“

Previous articleТрифун: Одењето на госпоѓа Шекеринска од СДСМ може да значи и исчезнување на оваа партија, доколку не се спроведат реформи
Next articleГавазова раскажа на што ги троши парите од Јасмин кој има успешен бизнис