Home Live Велевска се расплака: Бев исфрлена на улица, и го чекам денот кога...

Велевска се расплака: Бев исфрлена на улица, и го чекам денот кога ќе ми се вратат децата (ФОТО)

– Јас пред 15 години направив работи кои дотогаш никој не ги направил. Понудив нешто поинакво, од музика до видеоспот, песните кои ги промовирав во тоа време се слушаат до ден денес“, изјави во едно интервју нашата позната фолк пејачка Елена Велевска.

-Сама си го наметнав тоа и така функционирам до ден денес, сакам да сум поинаква и јас сум сама на себеси конкуренција најголема, сакам од претходниот проект да сум подобра и ми успева, публиката го прифаќа тоа, а за мене тоа е најважно.

Ако работите со љубов, посветени сте, вложувате труд, успехот е загарантиран. Јас исто функционирам кога е мојата кариера во прашање од некогаш до ден денес“, рече Елена претходно во Слободен печат.

Елена Велевска гостуваше во „Бекстејџ“ и ја раскажа вистината за старателство то над децата од страна на поранешниот сопруг со кој тие живеат сега во Охрид, а таа не живее со нив. Велевска раскажа дека била исфрлена на улица и почнала од почеток.

Рече дека најголемата поука ја извлекла од тоа што сакала да се насочи кон нејзината работам тоест кон она што таа е најдобра и сега живее во Скопје каде што работи на нов проект и на нови песни кои се староградски.

Исто така најави дует со нејзината ќеркика Софија, со која имаат отпеано една прекрасна македонска песна, и рече дека нема да открива што ќе има на идните проекти додека не дојде време.

– Оној којшто е добар и хуман човек ќе остане и ќе биде таков, во случајов јас, ќе бидам пример и хумана жена, за моите деца, за луѓето за коишто им треба помош, и нема никого да исфрлам на улица како што бев јас исфрлена во градот во којшто стекнував се, и направив 12 години.

Не ми е верувајте тешко да почнам од почеток, бидејќи ми е најважно достоинството, луѓето коишто ме опкружуваат, коишто не гледаат од интерес од мене, и коишто ми помогнаа кога ми беше најтешко да станам на нозе и да бидам силна жена, да се борам, а во иднина и да останам пример за јавна личност.

Многу ми е мило што имам три паметни деца, три златни деца коишто верувајте и тоа како имаат кариера и талент на мама.

Мене не ми е битно дека старателството или листот ми го зел нас и-лникот на кој му треба архива од хартии, мене не ми требаат лисја, верувајте ми.

Мене ми треба топлина, јас ја имам мајчината љубов безрезервна и со ништо не може ниту еден човек да ме уценува и да ме држи онаму каде што не припаѓам.

Се знае каде припаѓаат децата, тие се секогаш во моето срце полно со љубов и топлина, и го чекам денот кога ќе ми бидат вратени кај мене“, изјави Велевска.

Потоа со грутка во грлото и со солзи во очите и рече на новинарката дека децата многу ѝ недостаигаат, но не би сакала да се врати кај поранешниот сопруг, затоа што ѝ многу поубаво да живее во мир.

Потоа се расплака, не можеше да продолжи и рече: Може малку пауза?

На крајот рече дека за ништо не се кае и се заблагодари на медиумите за целата поддршка што и ја давале и се надева дека 2022 година за неа и за сите ќе биде многу подобра и посреќна.

Previous articleД-р Ненад Лазаров апелира: Веднаш да се превземат мерки, новиот сој се шири многу побрзо од претходните
Next articleБоби Темелков до нашинците во дијаспората: Покажете на дело дека сте Македонци, а не само со статуси на Фејс