Home Live Летаа на нас 100 доларки: Круме Спасовски се сети како се офајдил...

Летаа на нас 100 доларки: Круме Спасовски се сети како се офајдил во Америка со Гоце Николовски и со Петранка Костадинова

Круме Спасовски е познат по многу песни, но секако дека негов најголем хит, песна на сите генерации е „Чудна жена беше Вера“, која и денес се пее на сите прослави и веселби. Токму со оваа песна која е негова лична карта започна еден разговор, на Тв Сител, во емисија Магазин.

Како нема да прифатам ваква покана, кога се работи за Телевизија Сител и за ваква убава водителка? Вака ѝ се обрати легендарниот пејач Круме Спасовски на водителката на емисијата „Магазин“ Јелена.

Морам да кажам дека „Чудна жена беше Вера“ беше снимена во 1974 година, за Радио телевизија Белград затоа што кај нас уште тогаш немаше таква продукција. Инаку продуцент на песната беше Александар Сариевски.

Тогаш се снимаа плочи, „Чудна жена беше Вера“ беше од Б страна, од А страна ја ставив „Тешко ти е сам сине мој“, една прекрасна песна за која се надевав дека таа песна всушнст ќе биде и хит. Меѓутоа, само што излезе плочата, песнава народот веќе си ја засака.

Откако стана хит на неделата, оттогаш не можам да се спасам. „Чуда жена беше Вера“ и крај, рече Круме. Тој кога ја снимил песната имал 30 години, а на сцената е 52 години, од 1969 година, и има голем опус на песни снимени во македонското радио.

-Песната „Еј Заге носам чалгии“ ја снимив за Лешок фестивалот. Песната навистина е наменска, меѓутоа малку е незгодно човек да се фали од својата сопруга. Но, мојата жена навистина заслува. Да не беше Зага, немаше да бидам она што сум денес на естрадата“, рече тој за сопругата Зага.

Потоа раскажа за неговите колеги од бивша Југославија и дека имал чест да ја претставува Македонија во Ваљево, на средбите на КУД Абрашевиќ. На таа средба имав чест да се дружам со Ѓорѓе Маријанновиќ, со Тозовац, со Тома Здравковиќ…

Јас меѓу нив најмлад, како марка 300 бетон, здрвен, млад пејач пред нив, а овие знаеш дека се ламји. Меѓутоа, бев прекрасно примен, и со Тозовац до самиот негов крај се слушавме“, рече Круме.

-Во Германија имам настапувано повеќе отколку во Скопје, нашите граѓани кои живееја во Германија имаа голем интерес за нашите песни, особено за патриотските. Понекогаш, остануваав таму и по 2-3 месеци“, раскажа познатот пејач.

Рече и дека и неговите деца и внуци кои многу го сакаат им оделе на сите концери, а тој испеал песна за свооите четири внуци. „Секој кој има внуци како мене, ќе ѝ се радува на оваа песна.

Јас сум во внуците многу малку, и со нив се однесувам како да ми се другари. Додека баба Зага, таа е за нив експерт, со неа најмногу контактираат, и ќе ми каже: Утре и доаѓа тој и тој внук на гости.

Живеам во Горно Коњари, јас сум таму и роден, уште пред да одам во пензија таму си направив куќичка. Знаете, секој каде што е роден, таму и му е мило. Таму сме со баба Зага заедно. Инаку, и ќерката и синот си имаат свои домови, кога се слободни доаѓаатк, така да, имам прекрасно семејство.

Имам доста голем голем двор и имам простор и за бавча, одгледувам прасиња, кокошки, мисирки, се имам во дворот. Тие работи кога ќе си ги средам, слободното време го користам на Пчиња, оти тука ми е реката. Ми доаѓаат колеги, пријатели, се дружиме, таму ми е порелаксирано. Мене веќе не ми е ни место во градот. Свој на своето сум таму и ништо не е поубаво“, рече Круме.

Потоа се сети на една турнеја во Америка, на која бил со своите драги колеги, а дел од нив за жал веќе не се меѓу нас. „Се сеќавам на една турнеја ви 1992 година, а бевме јас, Петранка Костадинова, Наум Петрески и Гоце Николовски.

Можете да замислите, четири различни гласа, четворица коишто сите имаме хитови. Јас секогаш настапував со „Чудна жена беше Вера“ кајшто навистина, публиката била на нозе. Петранка со „Кирјана вино продава“, што да ти кажам. Гоце Николовски со „Бисер балкански“. Само што ќе го слушнеа тоа, како пчели.

Сите в раце, не можеш да му видиш на некој 20 долари. Не, или 50 или 100 доларки летаа. Наум со онаа неговата „Жал за Деспина“ и што да ти кажам? Значи, таква турнеја, таков дружење, и додуше, бевме и финансиски добро натоварени“, раскажа Спасовски.

Previous articleРада Манјловиќ прозборе за бременоста и за Харис
Next articleЛидија Кочовска откри зошто душата ја боли, но наоѓа сила да се смее