Home Live Александра Мијалкова раскажа за сопругот Сашо: Надворешниот изглед не ја кажува вистината

Александра Мијалкова раскажа за сопругот Сашо: Надворешниот изглед не ја кажува вистината

Основното јавно обвинителство соопшти дека поднело предлог на обвин етиот Сашо Мијалков повторно да му биде определена мерка при твор, откако тој со одлука на Апелациониот суд, денес беше пуштен од притворот со кауција.

Поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, по 10 месеци поминати во затв орот во Шуто Оризари, требаше да излезе од притвор, откако скопска апелација ја прифатила понудената гаранција од над 11 милиони евра.

Од судот за Канал 5 велат дека одлуката е донесена по жалба од Мијалков за притворот определен во случајот „Трезор“ во кој тој е осуден во првостепена судска постапка во Кривичниот суд и додаваат дека додаваат дека гаранцијата се состои од недвижен имот кој откако ќе бидат завршени административните процедури ќе биде ставен како гаранција под хипотека.

-Прифатена е гаранција во вредност од 11.106.501 евра, која во недвижности е понудена од обвинетиот Сашо Мијалков.

Според процедурата, имотот треба да се стави под хипотека од страна на Агенцијата за катастар. Вакво барање за хипотека, веќе е испратено до катастарот, а кога ќе се достави доказот за завршените процедури ќе биде укинат притворот – велат од скопска апелација

Имено, обвини телот цени дека и покрај дадената гаранција и определените мерки за обезбедување, се уште постои опасност од бегство и во таа насока го достави Предлогот за притвор.

Како што објаснуваат оттаму, обвинителот цени дека и покрај дадената гаранција и определените мерки за обезбедување, сѐ уште постои опасност од бегство и во таа насока го достави предлогот за притвор., објави Слободен печат.

Познато е дека Мијалкв е татко на два сина и сопруг на примабалерината Александра Мијалкова. Александра не често ја има во медиумите, но секогаш е интересна, и поради нејзината работа и професионални успеси, но и поради сопругот, Сашо Мијалков.

Мијалкова пред извесно време беше гостинка во Тв Сител, на гости на емисијата „Магазин“, и зборуваше за нејзиното секојдневие во пандемијата и воопшто за животот..

– Ние долги години сме заедно, и нашата поддршка взаемна била. За да бидеш успешен, терба да имаш поддршка и од сопругот и од децата. На него сепак му било полесно со балетската уметност, отколку на мене со неговата работа, и со притисоците што се случуваат.

Мене ми било потешко, бидејќи спецификата е таква. Уметноста е почиста, поубава. Мијалкова рече дека и покрај обврските, таа и сопругот секој ден наоѓаат време само за нив.

„Пиеме кафе заедно, разговараме за нештата коишто не опкружуваат, и се дружиме со децата заедно. Секогаш мора да се најде време за убав разговор“.

Александра за својот сопруг зборуваше и во едно интервју во „Бекстејџ“. Мијалкова рече и дека нивната свабда била многу весела, со најблизок круг на пријатели, а она што ги одржува и после толку години во брак е флексибилноста.

– Многу весела свадба имаше, бидејќи имаше многу балерини, а кога се балерините присутни тогаш значи дека веселбата е уште поголема. Флексибилноста е еден од клучните фактори за успешна врска или брак.

Треба разбирање, треба хармонија, меѓутоа двајцата треба да работат на тоа за да биде нели успешен бракот“, рече Мијалкова. „Често ме изненадува, иако не изгледа дека е таков, таква му е професијата.

Таква му била професијата. Меѓутоа, надворешниот лик не е тоа што кажува какви се луѓето“, рече неодамна Мијалкова во „Бекстејџ“.

Previous articleПо долго време, се појави Атина Апостолова, годините ништо не ѝ можат (ФОТО)
Next articleИзвисија Цеца, Чола, Лепа Брена и Дино Мерлин за Нова година, а со тоа и македонските туристи и агенции, им удри на сите по џебот