Home News Данела Арсовска денес се пофали со уште една функција – избрана е...

Данела Арсовска денес се пофали со уште една функција – избрана е за нов претседател на ЗЕЛС

Речиси два месеци откако стапи на функцијата градоначалничка на Скопје и по бурата реакции во јавноста дека нема да ги заврши започнатите проекти од нејзиниот претходник, Шилегов, Данела Арсовска денес за прв пат зборуваше пред медиумите.

Според извршената анализа, проектот за автобуско метро во Скопје ( БРТ систем), носи многу ризици за главниот град и неговите граѓани, рече Арсовска. Таа смета дека за него треба да одлучат граѓаните на референдум.

Анализите кажуваат дека БРТ има толку многу ризици по граѓаните, по инфраструктурата и по градот Скопје. И навистина треба да се размислува како и на кој начин, сето тоа ќе се изведе.

Јас верувам дека граѓаните сакаат проекти кои што ќе бидат за нивен бенефит, а не нанивна штета . И ние тој процес ќе го отвориме, документите ќе ги дадеме на увид и ќе видиме што и како може да се направи, рече градоначалничката Данела Арсовска.

Уривањето на мостот на ОН, можноста од оштетување на водоводна цевка што се наоѓа над предвидената траса на автобуското метро , од Ново Лисиче до Ѓорче Петров и сечењето на зеленилото при изградбата, се забелешките на новата градска власт во однос на БРТ системот, кои од СДСМ беа демантирани.

Проектот е запрен зашто на последната фаза од тендерот на ЕБОР, немaло понуди,а медиумите тенденциозно пренеле дека таа го запрела, рече Арсовска.

Таа кажа и дека ќе го заврши започнатиот мост на булеварот АСНОМ, но откако ќе се решат над 100 имотно-правни спорови.

Не е проблем изградбата на самиот мост. Тој ќе биде изграден. Меѓутоа поврзувањето од обете страни е нешто за кое има повеќе имотно- правни спорови.

На тоа ние ќе бидеме посветени, меѓутоа треба да се знае дека некој го започнал без јасна цел и визија , за колку време тоа ќе биде реализирано, рече градоначалничката.

Данела Арсовска денес објави дека е избрана на нова функција:

„Денес едногласно бев избрана за нов претседател на ЗЕЛС што ги обединува сите 81 општина во Македонија. Потенцирав дека главна цел во четиригодишниот мандат во ЗЕЛС ќе биде интензивирање на процесот на децентрализација и обезбедување зголемена финансиската стабилност и независност на сите општини.

Она што е значајно, за што имаме консензус во новиот мандат на управниот одбор на ЗЕЛС е дека ќе се посветиме во следниот четиригодишен мандат на интензивирање на процесот на децентрализација, процес што е долго во застој.

Тој процес би требало во наредниот четиригодишен период да обезбеди поголема финансиска независност и стабилност на локалната власт и секако преземање на нови поголеми надлежности на единиците на локалната самоуправа.

Верувам дека ќе имаме можност да покажеме како ЗЕЛС обединувајќи ги сите општини, дека ќе можеме како и на денешниот ден едногласно да ги носиме одлуките.

Да ги застапуваме интересите на граѓаните кои ни ја дале својата доверба и дека ќе овозможиме во следниот четиригодишен мандат да ги реализираме сите проекти кои ги имаме заеднички зацртано“, напиша Арсовска на социјалните мрежи.

Previous articleПо одлуката да се пушти Мијалков од Шутка, се огласи министерот Бојан Маричиќ
Next articleОбјавено е писмото во кое Заев ги објаснува причините за неговата оставка