Home News Данела работи паметно – сака да ги придобие на своја страна здруженијата...

Данела работи паметно – сака да ги придобие на своја страна здруженијата кои се најгласни во јавноста

Новата градоначалничка на Скопје, Данела Арсовска од почетокот на својот мандат во срењдиштето на интересот на јавноста, која како да е нестрплива од нејзините чекори и програма која ја најавуваше во предизборието.

Арсовска минатата недела ги брифираше новинарите дека градот е презадолжен, а нејзиниот главен проект со кој „трчаше“ на изборите, бесплатен јавен превоз, ќе почне да се реализира следниот месец, етапно, а би требало да финишира дури по 2 години.

Вчера Арсовска информираше дека е исчистена и дивата депонија на крајот на булеварот Илинден во населбата Карпош 4.

-Ова е само продолжение од проектот на новата градска администрација за чистење на дивите депонии на територија на градот Скопје.

Покрај тоа на ова место се поставени и столпчиња, како камионите и останата механизација не би можеле повеќе да пристапуваат.

Со чистењето на дивите депонии на подрачјето на Скопје каде вообичаено се согорува отпад, значително ќе се придонесе за намалување на аерозагадувањето, како и ќе се елиминира потенцијална опасност од загадување на подземните води и почвата.

Скопје без диви депонии е еден од проектите на кој градската администрација активно работи во соработка со општините и јавните претпријатија под Град Скопје.

Данела Арсовска вчера одржа средби со двете здруженија кои се едни од најгласните во јавноста, кога се работи за чистата околина и заштита на животните, О2 и Анима Мунди.

-На средбата со граѓанските здруженија „Го сакам Водно“ и „О2“ разговаравме за заштита на Водно, предизвиците и предлози за нивно трајно решавање.

Итноста на состојбите налага да се донесе Lex specialis закон за Водно, чија рамка е креирана, а во чие финално изготвување ќе учествуваат експерти и претставници на граѓанските здруженија.

Важно е да се креира трајно решение со цел оневозможување на понатамошна узурпација на парк-шумата Водно, напиша Арсовска на својот профил на социјалните мрежи.

-На денешната средба со претставници од граѓанското здружение за заштита на животните „Анима Мунди“ разговаравме за похумана грижа за бездомните животни во градот.

Конструктивните предлози за заштита и благосостојба на животните и изнаоѓање на трајно хумано решение за проблемот со бездомните животни се важни за обезбедување системски решенија, извести Данела Арсовска.

Previous articleДушко од Струмица: Ка бе да не го искам Заев, пишам ф 1, он враќа ф 1.30
Next articleАпасиев: Го молам присутниот џган, да не ме става в уста