Home News Филипче со многу добра вест за граѓаните пред Нова година – нема...

Филипче со многу добра вест за граѓаните пред Нова година – нема да има никакви рестрикции за празниците

Во последните 24 часа направени се 3.366 тестирања, а регистрирани се 320 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 165, Прилеп – 26, Охрид –18, Кавадарци – 16, Битола – 11, Велес – 10, Куманово – 8, Струмица – 7, Тетово и Ресен – по 6,

Гевгелија, Радовиш и Валандово – по 5, Кичево и Кочани – по 4, Штип и Берово – по 3, Гостивар, Неготино, Крива Паланка, Делчево, Богданци, Македонски Брод и Македонска Каменица – по 2, Свети Николе, Виница, Пробиштип и Демир Хисар – по 1.

Регистрирани сe 214 оздравени пациенти од: Скопје – 120, Кавадарци – 19, Битола – 18, Куманово – 8, Охрид – 6, Велес, Штип и Неготино – по 5, Прилеп, Тетово и Свети Николе – по 4, Струмица, Гевгелија и Пробиштип – по 3, Кочани – 2, Ресен, Валандово, Богданци, Струга и Дојран – по 1.

Досега во земјата се направени вкупно 1.558.639 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 222.064, бројот на оздравени пациенти е 208.938, на поч инати е 7.853, а бројот на активни случаи изнесува 5.273.

Иако поголемиот број од европските земји превземаат мерки против новиот сој Омикрон и најавуваат делумни затворања, министерот за здравство Венко Филипче вели дека кај нас нема да има празнични рестрикции, оти ковид центрите се празнат, а и епидемиолошката крива мирува.

Ова е објаснувањето на Министерот за здравство во заминување Венко Филипче кој смета дека сегашните рестриктивни мерки во пресрет на новогодишните празници се доволни, бидејќи собири на јавни места и сега има насекаде.

Засега не се прават анализи за да се утврди дали во Македонија веќе го има новиот сој „омикрон“, потврди Филипче, што значи дека до Нова година нема да има податок дали варијантата на вирусот поради која европските земји воведоа силни мерки се шири и кај нас..

На новинарско прашање за тоа на што е горд, а за што жали во својот мандат Филипче подвлече дека е задоволен од справувањето со пандемијата благодарение на тимскиот дух на здравствените работници, како и успешноста на замислата на белите мантили да им се покачи платата.

Филипче најмногу се кае што во своето министерување не успеал да го започне најавениот Клинички центар бидејќи смета дека само преку таков проект може да се унапреди здравствениот систем на највисокото ниво на здравствена заштита.

Previous articleОбјавено е писмото во кое Заев ги објаснува причините за неговата оставка
Next articleПо долго време, се појави Атина Апостолова, годините ништо не ѝ можат (ФОТО)