Home Live Градоначалникот на Кисела вода приватно- за Драчево сум емотивно врзан, сопругата ми...

Градоначалникот на Кисела вода приватно- за Драчево сум емотивно врзан, сопругата ми е од таму

Во емисијата Магазин на телевизија Сител, гостуваше градоначалникот на скопската Општина Кисела вода, Орце Ѓорѓиевски, и зборуваше за своите преивати и професионални предизвици во животот.

Водителот рече дека професионално, Ѓорѓиевски важи за дисциплиниран, строг кон себе и работните обврски, а тој одговори дека приватно е опозит од тоа што е професионачно, и кажа дека знае да биде добар другар и да се дружи со луѓето со коишто наназад во животот се дружат, со другарите од детство, и да каже некоја шега.

– Знам да бидам посветен сопруг, татко на детето, нормално во делот на обврските коишто јас треба да ги обавувам према домот и семејството, така да опозит би рекол од она што го гледа народот“, изјави Ѓориевски.

Потоа, зборуваше за неговото детство во Драчево, и за маалскиот живот во Драчево каде што израснал и рече дека порано имало развиен маалски живот за разлика од сега.

Детството му било доста интересно и биле големо друштво со кое и денес е поврзан и со нив секогаш се консултира затоа што тие искрено му ги кажуваат забелешките.

Рече и дека на другарите за мислење им се јавува и доцна навечер.

„Знаете, кога сте во политиката, се создава некој круг на луѓе кои ве тапкаат по рамо, јас пак сакам малку понастрана да ги свртам работите, односно да се фокусирам на реалната состојба.

Да не ме лажат, вака бриутално, искрено кажано, и во делот во кој ме прашавте, јас имав едно прилично исполнето детство.

Фудбал многу ретко се играше, анти талент сум за фудбал, ама кикс бокс тренирав, тоа вака ми лежеше, тренирав кик бокс додека не завршив средно. Знам да отидам во теретана. Обично плаќам месечна карта за теретана, а поретко одам на термините, и тоа е спортот со кој се бавам, условно кажано…“

Спортистите се негови добри пријатели, а во живо во емисијата се вклучи Борко Ристовски, познатиот ракометен голман. Ристовски рече дека кога ќе се погледнат, секој од нив двајца знае што мисли другиот.

– Можам да кажам ека Орце е истиот човек од кампањата, него знаете да го најдете и во 9 навечер во Општина, и кога ќе го побарам за некое кафе, секогаш тоа кафе го пиеме во општина, затоа што во девет часот уште работи.

Откако стана градоначалник со молење со пријателите го извлековме на една пијачка и дружба“, рече Борко.

Се спомена и муабет за Драчево, дека важи за населба која е далеку од Скопје, и како тој реагира на стереотипите за Драчево, и Ѓорѓиевски одговори дека Драчево е прекрасна населба во која инвестира како дел од Кисела вода. „, таму живеат прекрасни луѓе, и сопругата ми е од Драчево“, рече тој.

– Јас и порано се занимавав со политика и голем дел посветував на тоа, а сега онаа пракса на делување и на жовеење ми е минимано променета, најмногу морам да признаам дека ми недостасува дружбата со синот, бидејќи имам многу помалку време откако сум стапен на функцијата.

И често пати ми е тешко кога ќе се приберм дома, обично после 22 часот, особено последниов период, последниве две години, кога и буџетот го составуваме за новата година. Не можам да го видам. Тој е веќе во фаза кога почнува за зборува, почнува да прашува, јас го гледам толку на спиење.

Но, го компензирам тоа со што од сабајле, јас го носам во градинка, стануваме малку порано и тука ни е дружбата, од сабајле, значи да сумирам, најмногу ми недостасува тој дел, времето да го посветам на него, но тоа е животот“, рече градоначалникот на Кисела Вода за своето семејство. Потоа го прашаа дали знае да готви и дали може да се види во кујна.

-Па, искрен да бидам јас сум малце од потрадиционално семејство, не дека не помагам, туку некогаш ете, знам и нешто да зготвам, не многу работи, најчесто мажите, знаете што готвиме.

Јас обично пазарам за дома, тоа ми наследено од татко ми, па дури и во 11 навечер да се прибирам дома, се консултираме со сопругата што тераб да испазарам.

Previous articleИлина Арсова за првпат со отворено деколте, нов имиџ на нашата алпинистка (ФОТО)
Next articleРада Манјловиќ прозборе за бременоста и за Харис