Home Live Илина Арсова за првпат со отворено деколте, нов имиџ на нашата алпинистка...

Илина Арсова за првпат со отворено деколте, нов имиџ на нашата алпинистка (ФОТО)

Сите знаеме која е Илина Арсова, но малкумина знаат како всушност таа започнала, а во една прилика тоа му го откри на авторот Тоше Зафиров за неговиот сајт, а таму зборуваше и за нејзината љубов кон уметноста.

– Спортотовите кои ги практикувам од мала ме зајакнале физички и ментално за да бидам упорна и истрајна во достигнување на целите.

Образованието и животните искуства ме направиле сестрана и флексибилна да се снаоѓам во секаква ситуација. А уметноста, исто така постојано присутна во мојот живот, ги поттикнува фантазиите и креативниот ум.

Уште од малечка спортувам, прво карате, па пливање, на Водно практично сум проодела благодарение на моите родители. На 14 години се пронајдов себе како зависник од адреналинот, кога се запишав на падобранство во Аероклубот.

На 16 веќе летав со параглајдер, а на 20 ги открив карпите и благодетите што ги нудат високите планини, од кои не можам да се наситам се до денес. Тоа беше првото мое искачување на Мон Блан, на Француските Алпи во 2006 година, кога неверојатно се вљубив во Алпскиот пејзаж и во изворната моќ на планините.

Монт Еверест е најголемо мое достигнување кое испиша национална спортска историја, но како личен рекорд би ги издвоила и подвизите на ски алпинизам, кога самостојно искачив и спуштив неколку високи планини со максимална висина до 6,500 м. во класичен телемарк стил. Секако и вбројувањето меѓу 70 жени во светот со искачувањето на 7- те највиспки врвови на сите 7 континенти.

Секоја планина има свој проблематичен дел, дали технички стрмен алпинистички предизвик, или сурова изолираност со екстремни температури. Така за секој проблем го вежбам она што ме очекува.

На пр.за Матерхорн, Ама Даблам или Пунџак Џаја, тренирам повеќе на карпа, додека за Аласка и за Антарктикот тренирав студ со пливање во ладна вода. Психолошкиот тренинг е важен во секоја ситуација, а за него ќе ви раскажам на некоја од моите мотивациски обуки.

Голем предизвик за секоја силна и самостојна жена е да најде некој кој ќе ја следи во животот. Можеби и не сум најдобриот пример за воспоставување баланс бидејќи често дисциплината знае да потклекне пред компромисите кои ги правам за бидам во чекор со партнерот“, изјави таа.

За својот партнер, Игор Џамбазов во една прилика, за Женски магазин таа рече:

Да знаев дека олкава популарност се добивала со вљубување во јавна личност, ич немаше да се мачам толку години наназад да ги качувам светските врвови, доведувајќи се себеси во високоризични ситуации со кои многукратно сум си го загрозила животот и здравјето.

Толку не ме пишувало по весници дури и кога станав прва дама од нашата земја што стапна на врвот на светот пред 7 години.

Се надевам разбирате дека се шегувам, планините се моја страст и пасија кои некако имаа приоритет во мојот живот – вели Илина.

Илина Арсова го изненади Игор Џамбазов со видео повик од Еквадор, во Утринската програма на „Телма“. Додека уредникот Горан Петрески разговараше со Џамбазов во студиото на Телма, на екранот зад нив директно се вклучи Илина Арсова.

На Игор не му се веруваше што ја гледа својата сакана и извика браво за екипата која се сетила да го изненади на овој начин.

„Добро утро, моја мала утехо. Срце мое“, ѝ рече Игор на Илина кога ја виде на екранот. Сега, таа е дома и дoдели награда за спортски подвиг во женски спорт.

– Ми беше чест да доделам награда за спортски подвиг во женски спорт, и особено се радувам што награда ја доби нашата планинарка Ирина Дишовска.

Ова претставува успех за целата планинарска зедница бидејќи со овој чин вчера вечер ги видовме првите резултати од децениската работа и заложби за промоција на планинарските спортови.

Родовата еднаквост во спортот е мое поле на делување уште од 2012-та година и ми е драго што ги прославивме резултатите на нашите спортски хероини, кои конечно го добија своето заслужено сценско светло.

Им честитам на организаторите, на сите номинирани спортистки, добитнички на наградите, како и на оние кои допрва ќе стапнат на сцената“, напиша Илина на Инстаграм.

Но, она што е исто така впечатливо на ова доделување на наградите е нејзиниот фустан во зелена боја која одлично и прилега.

Секако, се забалежува дека Илина не носи град ник, а има отворен дел на деколтето кој е дискретен но е интересен детаљ и исто така и стои супер.

Previous articleСе огласи Влатко Миладиновски – на маса со кралот, а запеа со познат рокер (ВИДЕО)
Next articleГрадоначалникот на Кисела вода приватно- за Драчево сум емотивно врзан, сопругата ми е од таму