Home Live Извисија Цеца, Чола, Лепа Брена и Дино Мерлин за Нова година, а...

Извисија Цеца, Чола, Лепа Брена и Дино Мерлин за Нова година, а со тоа и македонските туристи и агенции, им удри на сите по џебот

Министерството за здравство на црна Гора не одобри јавни собири на отворено, кои покрај нивните верни обожаватели ги разочараа и најголемите балканси ѕвезди и им удри по џебот, а ова се одрази и на македонските туристи кои упатија за Нова година во Црна Гора.

Новите поостри мерки во борбата со кор она вирусот директно се одразија на откажувањето на новогодишните настапи на плоштадите во Црна Гора, каде требаше да настапат најголемите балкански ѕвезди Светлана Цеца Ражнатовиќ, Здравко Чолиќ и Дино Мерлин.

Како што дознава порталот „Телеграф“, Цеца била во преговори за настап на плоштадот во Тиватско Порто Монтенегро, Здравко Чолиќ имал договорен настап на плоштадот во Котор, додека Дино Мерлин договорил дружење со публиката на плоштадот во Бар.

На овие претстави се радуваа и црногорските хотелиери, бидејќи сметаа на голем број туристи кои поради овие ѕвезди ќе итаат на брегот, а меѓу нив секако и туристи од Македонија.

Но, новите мерки што ги најави министерката за здравство на Црна Гора, Јелена Боровиќ Боровиќ, разочараа многумина на последната прес-конференција.

Поради страв од ширење на соеви на Оми ркон, Министерството за здравство не одобри јавни собири на отворено, што покрај обожавателите ги разочара и најголемите ѕвезди.

– За жал, ништо од новогодишниот концерт. Мерките се такви што мислиме дека е дефинитивно – изјави за Телеграф менаџерот на Здравко Чолиќ, Драган Ѓука.

Од ПР службата на Дино Мерлин рекоа дека се свесни оти шансите за одржување концерт се минимални.

– За жал, не можеме да ги менуваме законите во државата. Многу е веројатно дека нема да има концерт, треба да видиме утре дали ќе ја смени одлуката, но засега е така – изјавија претставниците на медиумите на Мерлин.

– Цеца беше во преговори за настапот во Тиват, а одлучувачки збор за концертот најмногу го даваат мерките – велат во ПР службата на фолк ѕвездата Ражњатовиќ која лично уште не се огласила.

Освен Цеца, извиси и Лепа Брена која требаше да пее на плоштадот во Будва, не за Нова година, туку на 1 јануари, а за новогодишната ноќ, во Будва требапше да пее музичарот од Сплит, Џибони.

Да потсетиме, Министерството за здравство ја одобри работата на кафулињата, дискотеките и хотелските капацитети за време на новогодишните празници, со дигитален сертификат.

Оваа одлука и забрана се одразија и на туристичките агенции и на туристите во Македонија. Реиси сите агенции организираа дочек на Новата година во Црна гора по цени од 75 до 100 евра во зависност од видот на сместување.

Во цената се вклучени две ноќевања и автобуски превоз, и во секоја реклама беа спомени и настапите на гореспоменатите пејачи со цел да се зголеми интересот за уплата на аранжманот.

Previous articleАлександра Мијалкова раскажа за сопругот Сашо: Надворешниот изглед не ја кажува вистината
Next articleЛевица на Апасиев: Одбиваме да учествуваме во тeaтарот на човекот кој одмолчи сè што се случи во државата