Home News Јовановиќ го спореди Заев со Кенеди и порача: Заев никаде не заминува,...

Јовановиќ го спореди Заев со Кенеди и порача: Заев никаде не заминува, тој на земјата ништо не и зеде, туку напротив, и даде

Статус на Ненад Јовановиќ: SВЕЗДА КОЈА ТЕШКО ЌЕ ПАДНЕ

„Ниту Кенеди, ниту Заев променија нешто големо, освен што се почувствува дека може да го променат она кое е суштинско… Тие понудија алтернатива: го поларизираа мислењето…

Тоа секогаш е момент кога некоја единица ќе се почувствува предадена поради Заливот на свињите или за зл ос тор ств ото од претходниот р ежим на Груевски.

Кога ќе се собере интересната каста – врвот на во јската, специјалните единици, странски и домашни служби, полиција, бизнис, ма фија , медиуми…

Кога ќе сфатат дека се во оп асност, па ќе прогласат дека политиката на Заев е делигитимирана, или ќе речат дека државата е во опасност која “тие ќе ја спасат”.

Тоа се нарекува “длабока држава”. Етатизам во изворно значење. Луѓе кои добиваат напредување во хиерархијата како во армија, единствено таквите имаат војска. Тоа е денес Мицковата ВМРО-ДПМНЕ. Тоа чист етатизам.

Луѓето ги користат за напредување во “синџирот на прехрана” кои самите го нарекуваат партиски систем. Десничарите всушност немаат систем, тоа е антисистемска партија, и затоа Левица на Апасиев совршено се вклопува во нивните десничарски матрици.

Ова денес, драги пријатели, не смее да биде нивниот “дух на нацијата” во која тие уште денес прават математики кој на кое место ќе работи кога ќе ја преземат власта. На следните парламентарни избори.

Не смееме да му ја препуштиме правдата како што Мицкоски ја замислува. Тие после се’, за сите претставува голема енигма, имаат пари, а со парите стигнува и моќта. Тоа се вика монопол на сила. Не работат ништо освен што го штитат организмот кој “испива” к p в.

Тие се навикнати да ви “средат” за лекар. И гробно место, ако затреба. И работа. И отказ. И во јна. И мир. Тоа денес е нереформираното Мицково ВМРО-ДПМНЕ.

Таквите денес го повлекоа Заев од политика, таквиот дух го уv и и Кенеди. Тој профил на партија такви луѓе брка и ув ива. Оти – не постои Камелот.

Зоран Заев беше и останува проевропска линија за урбано, цивилизирано а против диктатура.

Мора да се обидеме да ја вратиме земјата во состојба на надеж. На народот не му е украдена заштедата, туку напротив, политиката на Заев ги врати парите кај граѓаните, ги покачи минималните и просечните плати, работеше на пријателство, мир дома и надвор, работеше за питомост и просперитет.

Надежта мора да се врати во оваа земја, а Заев никаде не заминува. Ниту има причина да замине. Останува тука да не’ гледа, слуша, бодри и поттикнува. Останува тука затоа што на земјата ништо не и зеде, напротив, на земјата и луѓето им даде се’.

Во тој дух, со таа верба и надеж, мора да продолжиме напред. Заев е sвезда која тешко ќе падне!“

Previous articleОд вирусот се упокои млад човек 29 години од Кавадарци – ова е состојбата во изминатите 24 часа
Next articleПо одлуката да се пушти Мијалков од Шутка, се огласи министерот Бојан Маричиќ