Home News Левица на Апасиев: Одбиваме да учествуваме во тeaтарот на човекот кој одмолчи...

Левица на Апасиев: Одбиваме да учествуваме во тeaтарот на човекот кој одмолчи сè што се случи во државата

Партијата Левица, на својата официјална страна на социјалните мрежи, објасни зошто денес нивните пратеници не присуствуваа на годишното обраќање на претседателот Пендаровски.

ПРАТЕНИЦИТЕ НА ЛЕВИЦА ЌЕ ГО БОЈКОТИРААТ ГОДИШНОТО ОБРАЌАЊЕ НА БЕЗГЛАСНИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ ПЕНДАРОВСКИ

-Ја известуваме македонската јавност дека двајцата пратеници на политичката партија Левица во Собранието на Република Македонија – Димитар Апасиев и Борислав Крмов, нема да учествуваат на парламентарната 56-та пленарна седница, на која е планирано традиционалното годишно обраќање на претседателот на Републиката – г. Стево Пендаровски..

Нашите народни пратеници одбиваат да партиципираат во формалистичкиот театар на шефот на државата, кои ги одмолчи сите национал-шовинистички испади на нашите балкански соседи и божемни европски партнери – за кои, сè почесто, во нивните јавни обраќања, стануваме „Северномакедонски пријатели“.

Сметаме дека човекот кој е безгласна буква во внатрешната и во надворешната политика и не реагира на повампирениот бугарски неоврховизам, којшто го негира постоењето на македонската нација и на македонскиот јазик, нема ништо паметно да каже и затоа не го заслужува вниманието на нашите пратеници и на пошироката јавност.

Пендаровски, познат по својот некреативен дрвен евро-атлантски новоговор и апологет на сервилниот и невизионерски НАТОфун даментализам, никогаш не бил и нема да биде вистински и обединувачки „Татко на нацијата“.

Како приврзок на поразената политичка философија и практика на заевизмот, како највисок стадиум на интернационалното вазалство и националното понижување на Македонците,

неговото заминување од политичката сцена ќе биде катарза за нов почеток во водењето на современа, достоинствена и мултиполарна државничка надворешна политика, креирана од новата генерација храбри македонски политичари.

Да живее слободна и суверена Република Македонија, напишаа од ЛЕвица на нивната официјална страна на социјалните мрежи.

Previous articleИзвисија Цеца, Чола, Лепа Брена и Дино Мерлин за Нова година, а со тоа и македонските туристи и агенции, им удри на сите по џебот
Next articleПосле она што денес се случуваше во судот, се огласи Никола Груевски