Home Live По долго време, се појави Атина Апостолова, годините ништо не ѝ можат...

По долго време, се појави Атина Апостолова, годините ништо не ѝ можат (ФОТО)

Нема кој не ја знае легендата Атина Апостолова, позната и призната пејачка на македонската фолк сцена. И кога ќе ги крене рацете и ќе ја запее „Петје, еј мераклии“, ретко кој може да остане рамнодушен на нејзината енергија.

За „Вечер прес“, Атина даде интервју во кое зборуваше за свопјата музика и за својот живот. „Ни тогаш во моето време не беше лесно да се промовираш како пејач, дури беше и потешко.

Немавме ваква модерна технологија каква што е сега, веднаш да се ставаш на Фејсбук или Јутјуб, да си ја промовираш новата песна.

Но сега и тоа има маани, премногу песни се “штанцаат“, така тоа би го нарекла, а многу малку се памтат. Во она наше време песните останувале да се пеат, памтат, станувале евергрини, а тоа е доказ дека тие песни и денес се слушаат.

Особено ми е мило што и моите песни ги пеат младите. Колку пати сум се расплакала од радост кога на некоја забава ќе видам со свои очи како друштво составено од млади луѓе од душа ја пеат мојата “Пејте, пејте еј, мераклии“, рекла Атина на новинарот Дуле Микиќ и потоа додала за ртоа кој и бил учител:

-Никола Бадев. Тој успеа да ми ја внесе љубовта кон народната музика, а тој беше многу важна личност за мене и не само за мене. Јас тогаш бев млада, неискусна за естрадата, тогаш почнував. Бадев на сите колеги им зборуваше дека јас сум таа која знам да пеам.

Особено ќе бев пресреќна кога ќе ме поканеше да снимам за тогашното Радио Скопје, денешново Македонското радио. Со денови и денови сум ги вежбала песните. Пред Бадев не сакав да грешам. И не грешев…

Мене и денес после толку години на естрадата ми е убаво. Здрава сум и подвижна, додека човекот го служат нозете, срцето и умот, се е ОК.

Пред оваа пандемија имав јас настапи во Србија, поточно во Војводина, со колегата Круме по тие нивните салаши каде навистина ќе ја доживеете убавата песна.

Србите ја сакаат македонската изворна народна песна од онаа “Јовано, Јованке“, па сите останати. Се гледа тоа по нивните емотивни реакции кога им ги пеам, а ниту една забава не поминуваше без традиционалната “Македонско девојче“.

Рака на срце пензиите ни се мали, се снаоѓаме. Сега многу потешко поради забраните за пеење по ресторани, на забави, игранки, родендени“, рекла оваа наша фолк сдама која опстојува долги години.

Една од оние кои ја почитуваат Атина е Адријана Алачки. Адријана е инаку водител на емисијата „Везилка“, заедно со колегите Благоја Грујовски и Ирена Спировска.

Оваа емисија, инаку прикажува обичаи и кулинарски специјалитети од нашите краеви, а во една од емисиите се појави и Атина.

По долго време, Атина Апостолова се појави во јавноста токму на фотографија која ја објави Адријана Алачки, и на неа се гледа колку одлично изгледа оваа наша пејачка и дека годините ништо не и можат. Секоја чест.

-Везилка со Атина Апостолова и Трајче, ресторан Дома, Илинден, стои во описот на сликата која Адријна Алачки ја има објавено, како најава за емисијата која следи.

Previous articleФилипче со многу добра вест за граѓаните пред Нова година – нема да има никакви рестрикции за празниците
Next articleАлександра Мијалкова раскажа за сопругот Сашо: Надворешниот изглед не ја кажува вистината