Home News По одлуката да се пушти Мијалков од Шутка, се огласи министерот Бојан...

По одлуката да се пушти Мијалков од Шутка, се огласи министерот Бојан Маричиќ

Поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков излегува од притвор. Апелацискиот суд во Скопје ја прифатил гаранцијата од 11.106.501 евро.

На барање на одбраната Мијалков во Истражниот за твор во Шутка мерката ја издржуваше сам во ќелија, а сам излегуваше и на прошетките во кругот на за творот. Во п ритвор тој е од 13 април, 2021 година.

Неговата жалба била уважена и решението за пр итвор е преиначено со прифаќање на гаранцијата. Второстепените судии му определиле мерки на претпазливост односно одземање на пасошот и обврска да се јавува во судот.

Гаранцијата над 11 милиони евра, се состои од недвижен и движен имот, а ексшефот на УБК треба да излезе во при-твор откако ќе завршат административните процедури со ставање на хипотеката на имотот што е понуден како гаранција дека нема да избега.

По ова Апелацискиот суд треба да испрати известување до Основниот суд во Скопје, а потоа тие да го известат Истражниот зат-вор во Шутка.

Мијалков издржува мерка пр итвор во предметот „Трезор”, каде е неправосилно осуден на осум години зат-вор.

Тој има првостепена пресуда и во случајот „Таргет – Тврдина” со која е осуден на 12 години за твор, а обвинет е и во случаите „Плацови на Водно” и „Титаник 2″, а осомничен е и во предметот „Империја”. Во „Тор тура”, пак, доби ослободителна пресуда.

По повод ваквата судска одлука, на својот профил на социјалните мрежи, се огласи и актуелниот министер за правда, Бојан Маричиќ, кој не се согласува со ваквата одлука:

„Одлуката на Апелациониот суд во Скопје да го пушти од при твор Сашо Мијалков ја намалува и онака разнишаната доверба на граѓаните во судовите.

Потсетувам дека Мијалков беше лице под реален ризик за бегство и повод за настани кои ја во зне мирија целата македонска јавност.

Судиите на Апелациониот суд во Скопје Ѓоко Ристов и Енвер Беџети кои ја донесоа оваа одлука треба да и објаснат на јавноста на кој основ ја донеле ваквата одлука и на кој начин ќе ја преземат одговорноста доколку се случи повторно ризик од бе гство.

Судот иако е независен, должен е јавно да ги објаснува своите одлуки за да можат граѓаните да веруваат во судството.

Апелирам до Судскиот совет да испита по кој основ судиите ја донеле оваа одлука.“

Previous articleЈовановиќ го спореди Заев со Кенеди и порача: Заев никаде не заминува, тој на земјата ништо не и зеде, туку напротив, и даде
Next articleДанела Арсовска денес се пофали со уште една функција – избрана е за нов претседател на ЗЕЛС