Home News После она што денес се случуваше во судот, се огласи Никола Груевски

После она што денес се случуваше во судот, се огласи Никола Груевски

Со изведување материјални докази од одбраната – стручен наод и мислење од вешто лице Кире Костов, денеска во Основниот кривичен суд во Скопје продолжи судењето за случајот „Плацови на Водно”.

Предмет на анализа била документацијата прибавена од Јавното обвинителство по пат на меѓународна правна помош – договори за трансфер на сопственост и банкарски сметки и парични текови на фирмата „Сирах лимитед” од Белизе.

-Мојата констатација кај уплатите е дека парите се уплатени од повеќе правни субјекти, помеѓу кои нема уплати од резидент на Северна Македонија. Сите уплатувачи се од други земји.

Во делот на исплатата, констатирав дека постои исплата на правен субјект, резидент на Северна Македонија-Сирах инжинеринг, изјави вештакот Костов.

На прашање од одбраната, дали во овој период е констатирана уплата од Никола Груевски или правен субјект поврзан со тоа лице, сведокот рече дека не констатирал уплата од физичко лице Никола Груевски на сметката на оваа фирма.

– Од документите не констатирав уплата од правен субјект, резидент на Република Македонија.

Сакам да појаснам дека сопственоста на фирмите не беше предмет на мое вештачење и немав доставено докази и од тие причини не можам да одговорам на делот од прашањето дали лицето Никола Груевски на било кој начин е поврзан со фирмите, изјави вештото лице Костов.

Пред малку, на својот рпофил на социјалните мрежи, се огласи и Никола Груевски:

„Денес во судот излегоа работите на виделина со несоборливи докази од кои се гледа дека немам префрлено ниту едно евро на фирмата која купила земјиште од 11 илјади метри квадратни на Водно. Ниту пак било кој од земјата го направил тоа.

Да потсетам дека токму за ова ме терети обвинителството. Денес е објавено и презентирано вештачењето на трансакциите, сите уплати и исплати на фирмата Сирах Лимитид од Белизе со сметка во банка во Кипар, земја членка на ЕУ од 2004 година и членка на еврозоната од 2008 година, а поврзано со предметот “Плацеви Водно”,

со кое се докажува валканата конструкција која власта и обвинителството ја правеа за наводно од мене купено земјиште од околу 11.000 метри квадратни на име на фирма Сирах Инжињеринг- Скопје, чии сопственик е токму фирмата Сирах Лимитид.

Уште поважно е што вештачењето е направено на база на прибавени документи и докази добиени од меѓународна правна помош која писмено ја барало и ја добило самото обвинителство и согласно законот, ја споделило со судот и со одбраната без самото да направи вештачење на истата.

КЛУЧНАТА ВЕСТ во ова вештачење е дека НЕ 1,3 МИЛИОНИ ЕВРА, ТУКУ НИ 1,3 ДЕНАРИ ОД МОЈА СТРАНА НЕ СЕ УПЛАТЕНИ на фирмата која го купила земјиштето на Водно и нејзиниот оснивач.

Се покажа дека не постои ниту едно правно или физичко лице од Македонија кое префрлило пари на фирмата Сирах Лимитид со банкарска сметка во Кипар, ниту пак лице кое е поврзано со мене, до моментот кога истата не го продала земјиштето. И што е најинтересно обвинителката немала никаков приговор на овој дел, што всушност бил и единствен нејзин избор кога се презентирале фактите со докази.

До сега обвинителството без никаков доказ тврдеше, поточно лажеше, а медиумите блиски до власта тоа го ширеа со сите сили, дека јас сум земал пари од партијата и сум го купил тоа земјиште преку фирмата Сирах Лимитид и нејзината фирма во Скопје Сирах Инжињеринг.

Има уште многу детали околу ова, но сите во правец на целосно демонтирање на обвинителниот акт.

Не мислам дека е случајно што обвинителството не направило свое вештачење пред да отвори обвинение. Тие го знаеле исходот, знаеле дека така ќе им пропадне конструкцијата па преминале на уценување лажни сведоци, иако и таму немаат доказен матерјал

бидејќи дури и нивниот најважен сведок Александар Ивановски кажал дека пари од мене не примил и дека преостатнатиот имот од обвинението го купувал со свои пари ама мислел дека еден ден ќе ми го продаде тој имот, бидејќи трето лице така му рекло, а тоа трето лице пред судот го негира тоа дека така ми рекол.

Истиот кажал и дека до куповањето на тие два стана и земјиште од 2.700 метри квадратни со мене не се запознал лично, но потоа иако неколку пати сме се сретнале за сосема други прашања, никогаш не ми кажал за тоа дека купил имот кој му било кажано дека јас ќе го купам понатаму ниту пак побарал да го обештетим за тоа, а во 2018 година кога веќе немам никаква функција и кога сум веќе под тежок политички прогон и веќе со една првостепена пресуда, потпишал договор со мене за изнајмување на тие два стана.

Кога би имале независно обвинителство и нормална држава, кога не би постоел политички прогон, сега обвинителството би го повлекло обвинението.

Но, со обзир дека независно обвинителство не би ни отворило вакво обвинение, сигурно нема да го направи тоа.“

Previous articleЛевица на Апасиев: Одбиваме да учествуваме во тeaтарот на човекот кој одмолчи сè што се случи во државата
Next articleСања Лукаревска во тесна тексас сукња се сликаше со Заев и му упати важна порака (ФОТО)