Home Live Сања Лукаревска во тесна тексас сукња се сликаше со Заев и му...

Сања Лукаревска во тесна тексас сукња се сликаше со Заев и му упати важна порака (ФОТО)

Откако попладнево во Собранието ја достави оставката од премиерската функцијата, Зоран Заев тоа го објави и на својот Фејсбук профил.

Денеска ја поднесов оставката од функцијата Претседател на Владата на Република Северна Македонија до Претседателот на Собранието, Талат Џафери.

Демократијата значи и одговорност. Со мојата оставка, преземам одговорност и оставам пример за граѓанската должност на идните лидери, но и давам уште еден придонес во јакнење на демократскиот капацитет на државата.

Ми беше огромна чест што можев да служам и што ја имав довербата на мнозинството од народот во изминатите четири години.

Сакам да им се заблагодарам на пратениците во Собранието, овој и претходниот состав, на членовите на двата состави на Владата за време на моите мандати и на граѓаните на нашата држава.

Посакувам благосостојба и просперитет на сите наши граѓани, на сите заедници, на целиот наш народ“, напиша Заев.

Блиска соработнилка на Заев е Сања Лукаревска која секогаш јавно ја поддржувала неговата работа. ТВ21 од партиски извори дознава дека нов вицепремиер за евроинтеграции во новата Влада ќе биде досегашниот министер за правда Бојан Маричиќ, а министерско место се очекува да добие и досегашната директорка на УЈП, Сања Лукаревска.

Претходно, ТВ21 информираше дека постои можност иден министер за транспорт и врски да биде екс градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов. ТВ21 стапи во контакт со Петре Шилегов, но тој ниту ја потврди ниту ја демантираше ваквата вест.

– Можеби ќе звучи нескромно, но веќе покажавме дека работите навистина ги менуваме на подобро, барем во нашата татковина… Омилена политичарка ми е Ангела Меркел, бидејќи покажа како жена може да го менува и да го движи светот напред…

Во мојот карактер приватно и службено важат истите принципи, тоа се вредностите на кои ме учеле и со кои сум пораснала – чесност, лојалност, искреност…“, изјави Лукаревска во интервју за Куманово њуз, а потоа ја прашаа:

– Кој беше моментот што ве натера да се занимавате со политика? „Идејата дека може да го променам светот. Можеби ќе звучи нескромно, но веќе покажавме дека работите навистина ги менуваме на подобро, барем во нашата татковина.

Ја вративме слободата и демократијата, влеговме во НАТО, отпочнуваме преговори со ЕУ, се грижиме за сите граѓани и создадовме едно општество за сите. Ова е и тоа како целосно изменета слика од таа црната што ја имавме пред 3 години, нели?“, одговори Лукаревска.

Одамна сум дел од СДСМ и подолго време сум вклучена во партиските тела. Но, по моето доаѓање на директорската функција на УЈП, животот зазеде друг тек, независно, колку јас и да се трудам да биде се’ како што било претходно.

Останува се’ помалку време за приватни моменти, за хоби за коешто имам пасија, за време со родителите, пријателите…Но, во целиот овој процес, во оваа нова етапа од мојот живот, влегов подготвена и се трудам да балансирам секогаш кога можам.

Благодарна сум што сите мои блиски имаат разбирање за моите обврски, а уште повеќе за тоа што ми даваат безрезервна поддршка“, додаде таа. Сања Лукаревска објави фотрографија со Заев, и во описот му се заблагодари на досегашниот претседател на СДСМ, Зоран Заев.

На сликата, таа изгледа уабво, облечена е неформално, во тесна тексас сукња, бела маица со кратки ракави и накит, а инаку јавноста е навикната да ја гледа посериозно облечена.

– Беше чест, задоволство и привилегија да се соработува со претседател како вас! Благодарам на укажаната доверба, на несебичната поддршка и на дадената шанса да служиме и работиме за граѓаните и државата!“, напиша Лукаревска до сликата со Заев.

Previous articleПосле она што денес се случуваше во судот, се огласи Никола Груевски
Next articleГероски: Не го бранам Мијалков, ама држава во која барем 50 луѓе не заработиле по 10 милиони, не е држава