Home Live Се огласи Влатко Миладиновски – на маса со кралот, а запеа со...

Се огласи Влатко Миладиновски – на маса со кралот, а запеа со познат рокер (ВИДЕО)

Еден од најбараните пејачи кај нас и во дијаспората Влатко Миладиновски, како што е познато потекнува од музичко семејство, а за него неодамна зборуваше неговиот братучед, Дамјан Стојановски, синот на големиот Војо Стојановски.

Тој рече дека неговиот татко Војо потекува од голема фамилија, тие се осум деца и има многу братучеди, а еден од нив е и фолк пејачот Влатко Миладиновски.

Во интервју за ИН ТВ, Влатко Миладиноски зборуваше за справувањето со корона кризата, но и ги открива неговите планови за следниот период.

Еден од најпознатите и најбараните македонски пејачи Влатко Миладиноски, во интервју за ИН ТВ проговори за тоа како се справува со ко она кризата.

Иако бил приморан да откаже бројни настапи поради вирусот, меѓу кои и голема турнеја во Америка и Канада, тој вели дека сепак овој одмор и му годел бидејќи поминал повеќе време со семејството.

Како што открива, во тој период се подготвувале неговите нови песни во студиото на неговиот брат Златко Миладиноски, а со тоа на неговите фанови им најавува вистинско изненадување. Инаку, Влатко, Златко и Дамјан, синот на Војо- нивниот братучед, често настапуваат заедно.

-Би кажал дека останавме половични од сите тие големи планови. Следуваше една голема турнеја во Америка и Канада со Сузана Гавазова и мојот брат Златко Миладиноски, но за жал тоа се одложи, се одложија и многу други гостувања и патувања. Малку одморивме, да бидам искрен тоа и ми годеше, добро ми дојде.

Еве во последно време сработивме нешто, спремивме многу нови песни кои што лека полека ќе ги издаваме. Тие се веќе спремни само го чекаме вистинското време, некои гостувања по емисии, така да не бевме цело време пасивни.

Во студиото на брат ми Златко, реализиравме многу идеи кои што во идниот период секако во свое време ќе бидат објавени.-истакна Миладиноски за естрадниот магазин Естрада плус.

Дамјан во емисијата „Магазин“ на Сител раскажа дека со братучедите одел на доста турнеи низ Австралија и секаде каде што има нашинци. „Сум можел да живеам надвор од Македонија, но не сакав, решив да останам тука, јас сум голем родољуб“, порача младиот пејач.

Објасни дека младите од неговиот, кичевски крај доста ја негуваат традицијата и многу ја сакаат македонската народна музика како него.

По повод роденденот на Војо, на социјалните мрежи се огласи неговит внук Влатко Миладиновски, кој објави видео од нивен заеднички настап, во чиј опис напиша емотивна порака за својот вујко.

„На овој ден му беше роденден на мојот вујко Војо Стојаноски. Сигурно ќе пиевме нескафе “студено”. Вечна му слава”, напиша Влатко на Фејсбук..

Братучедот на Дамјан а внук на Војо, Влатко пред неколку месеци стана татко на уште една ќерка. Со сопругата Кристина веќе ја имаа Илина, (4) а од пред Велигден ја добија и малата Андреа.

-Да бидеш татко на две ќерки, на две принцези е богатство. Не само затоа што за таковците на ќерки велат дека си мајстор, туку затоа и што велат дека ќерките повеќе се грижат за родителите“, изјави Влатко за ММС.мк.

-Никогаш не сум бил неодговрен, но сега сум дупло од тоа. Ми се исполни сонот да имам две ќерки. Навистина сум слушнал и јас дека велат дека ќерките за родителите се грижат повеќе, но не знам и не можам тоа сега да го кажам.

Нека пораснат, па ке видиме дали е така“, изјавил Влатко. Влатко и Кристина се по потекло од Кичево, но судбината сакала двајцата кичевчани да се запознаат во Охрид.

-Да, малку интересно што и двајцата сме од Кичево а се запонавме во Охрид. Заедно бевме неколку години, а веќе од 2016 сме во брак. Бракот не ми го смени многу животот, бидејќи Кристина има разбирање за мојата работа3, додал тој за сопругата.

Влатко објави слика со кралот Ферус Муставов, во опуштена дружба, а во нивно друштво е и Златко, неговиот брат. Браво браќа, се едни од најчестите коментари што ги добиваа за сликата, а Влатко објави и интересно видео претходно.

Заедно со Ѓоко Танески и со Мартин, еден од браќата од „Некст тајм“, тој ја пее песната „Лихнида кајче веслаше“, но и „Ја излези Ѓурѓо“, и тоа во неговиот крај, во Кичево. На настапот со нив е и Ѓоко Танески, пејачот од Охрид.

Previous articleТурунџиева: И ја скришивте радоста на Атиџе, неа ли најдовте да и завидувате – ќе одговарате пред законот!
Next articleИлина Арсова за првпат со отворено деколте, нов имиџ на нашата алпинистка (ФОТО)