Home Live Снеже Велков: Има луѓе, не дај Боже да ги оставиш, може и...

Снеже Велков: Има луѓе, не дај Боже да ги оставиш, може и заби ќе ти ckpшат…

Снеже Велков, една од нашите најпознати водителки и инфлуенсерки, во едно интервју за Точка раскажа како таа всушност почнала да работи на Тв екраните и кое и било првото појавување пред пошироката јавност. Снеже се присети:

– Секако дека Ред Хот е првиот и пресуден чекор. Тоа беше мојот прв проект и мојот влез во волшебната кутија во која како дете мислев дека се влегува само ако се смалиш.

Влегов таму по пат на аудиција, а со цел да останам. Не сакав само да се појавам за да ме има, имав огромна љубов кон водителството, сакав да покажам дека таму ми е местото.

Па и вежбав секој ден пред огледало. А вежбам и ден денес. Благодарна сум им на тогашните мои надредени кои веруваа во мене и кои ме “пуштија низ вода“. Се друго е упорност, падни стани, прилагодување, желба за повеќе поинаку и подобро.

Во истото интервју, таа изјави дека за обврските по дома, имала голема помош од бабите: „Онаа старата зад секоја успешна жена стои успешен маж е излитена има нова:

Зад секоја успешна жена стојат две баби кои и ги чуваат децата и маж на кој не му е сеедно.

Без бабите, жената која ми го чува малиот син и сопругот кој наоѓа разбирање иако не му е сеедно, тешко дека ќе се снајдам.

Мојата работа нема работно време па така секогаш ми треба некој кој ќе улета за чување деца правење ручек или пеглање кошула на сопругот. Фала му на бога што факторот баба не ни недостига.

– Или интолеранцијата на млечни и месни производи, јајца… Да се разбереме и јас сум како секоја жена секогаш имам некои два килограми кои никако не сакаат да се симнат. И јас си имам свои комплекси поврзан со некој дел од телото. Те нозете, те зад никот те струкот…Абе Жени.

А да, внимавам што јадам прво од здравствени причини а потоа од естетски, вежбам прво од естетски причини а потоа од релаксирачко – уживателни причини(вежбањето ми е уживање и релаксација). Инаку не верувам во гените, оти ни едни гени не можат против секојдневна брза храна слатки во изобилие разноразни грицки и ужинки.

Ако не веднаш, ако не порано тогаш подоцна гените ќе попуштат и ете ти вишок килограми. Се држам до правилото телото се формира во кујната. И при тоа не мислам да се прават стомачни во кујна.

Туку да се внимава што се внесува во стомак. А елегантноста и извајаноста е работа на тренизни“, изјави Снеже за својата совршена фит форма.

Снеже во својата нова објава луѓето ги спореди со храна, за некои рече дека се вкусни, а за други не. Даде одлично објаснување на оваа тема, храната споредена со типот на луѓе.

– Луѓето како храната некои вкусни а некои бљуткави. Има едни треба 100 зачини да им додадеш за да ги “соџвакаш. А едни има ќе се замаскираат со ароми додатоци и зачини што откако ќе ги проголташ ќе сконташ дека ти се повр аќа од нив.

Има едни и само малце сол сакаат за да мерак ти направат. Едни добро лизгаат со винце,некои лепат на музика А некои и со кафе се топат. Има едни фини,убави за око и уста.

Ама тешки за варење и ич не се за јадење. Додуше може да се зезнеш еднаш ама не и и повеќепати.

Има едни меки како кифлички ама не дај Боже да ги оставиш да се стврднат, тогаш не се џвакаат може и заби ќе ти скршат. Има и едни љути ама па вкусни,и едни горчливи ама по навика добри за стомак. Има едни од кои трајно развиваш алергии.

А има едни како јаболко можеш секој ден да си ги јадеш конзумираш и никогаш не се презаситуваш и никогаш не ти е доста. Е ама најубави се деликатесите. Се консумираат ретко.А тој што има шанса да си има деликатес до себе мора да си го чува.

Си бараат посебни услови и посебен начин на сервирање и консумирање.Неќе со пластичен прибор,неќе набрзина да се изеде си бара да се мези да се ужива.

Генерално најубави се луѓето јаболки a највкусните луѓето деликатеси. Сите други се “џвакаат” од што се мора. А ВИЕ ШТО ЛУЃЕ ИМАТЕ ОКОЛУ СЕБЕ ЗА КОНСУМАЦИЈА?

Previous articleНоне откри: Јас сум бестрашна, непобедлива, јас сум најслатката…
Next articleИрена Спировска покажа што има – деколте, долги нозе, краток фустан висока штикла… (ФОТО)