Home News Д-р Пановски: Им викавте на луѓето носете маски на нива, а вадете...

Д-р Пановски: Им викавте на луѓето носете маски на нива, а вадете ги во кафеана и после се чудевте зошто веруваат дека ги прскаат

Вчера се одржа панел дискусија на тема ковд, на која учествуваа, нашиот водечки епидемиолог, проф. д-р Драган Даниловски, проф. Никола Пановски и проф. Елизабета Стикова, а модератор беше младиот епидемиолог, докторанд на Каролинска универзитетот во Шведска, д-р Харис Бабачиќ.

-Јас на 18 ноември излегувам и им викам дека во ноември 72.000 луѓе примиле сумамед и дека е препишан на 40.000 осигуреници а тој месец има само 15.000 болни, и дека тоа трае цела година и прави огромна финансиска штета и дека се препишуваат дози кои се забранети – пазете, забранети!

Како и дека наши доктори тоа го препишуваат, им давам податоци за тоа од Фондот за здравствено осигурување, вели проф. д-р Никола Пановски во панел дискусијата.

На таков ска ндал, партијата реагира со некое партиско директорче од Фондот кој истражува кој ги дал податоците, како на татко му да се податоците.

Ним им е битно некој да не им го расипе имиџот за надвор. И кога мене ме сметаат за нивен непријател; ти им работиш без пари, им помагаш на граѓаните, даваш совети (иста е ситуацијата и со Даниловски)….

Тие чекаат на мои неполни 67 години да кажам како што ТИЕ мислат. Да си ја заборавам струката и да поплукам по неа.

Антиваксери на Балканот имало отсекогаш, а сега преку социјални мрежи се засили тоа движење. Како на ова одговара светот, а особено ние?

Наместо да се одговори со факти, искрено , транспарентно, секојдневно (да се види една реклама за вакцинација наместо оние реклами за простата кои ги одат десет пати на ден), од надлежните постои молк и целосно игнорирање на состојбата.

Многу работи има со кои ни студент не би поминал на испит со такви ставови. Не можеш да одиш со ставови дека маска требало да се носи на планина и на нива, а после во кафана да се симне.

И после се чудат зошто луѓето викале дека нè прскаат. Друго објаснување нема ако ти носиш маска на нива или планина. Или она прскање улици во скафандери и слични работи.

Имавме катастрофа во Тетово која можеше да се избегне ако нè послушаа доктор Даниловски и мене во само една работа: да не дозволуваат свадби на затворено. Ништо повеќе. Да не се додворуваат на онаа партија која видете каква катастрофа им направи на своите граѓани.

И кога министерот даде оставка, премиерот рече не е време во пандемија да даде оставка. За после, здравството, во ек на пандемија, да го преземе партија која „а“ нема кажано за здравство. Тука заврши муабетот.

Previous articleСтар ВМРО-вец од Ѓорче: Гледам пљукате по Јелена Жугиќ, Димса и Наум – хејтери, може само да го дувате, еве зошто
Next articleДоскорешната „десна рака“ на Љубчо Георгиевски ќе стане директор на едно градско јавно претпријатие?