Home Live Дарио објави убава вест, а еве како ја ќарил неговата Бојана и...

Дарио објави убава вест, а еве како ја ќарил неговата Бојана и кој му бил стројник

Дарио, нашиот познат пејач што долги години пее и има створено многу хитови во една прилика дал интервју за порталот Музика 24 и раскажал колку тој всушност ја сака Новата година.

– За Нова година баш се претворам во „мало дете” и максимално уживам во сите претпразнични денови и во самата новогодишна ноќ. Тоа не е некаква еуфорија, туку едноставно уживање во овие денови, поразлични од сите други.

Дома сите заедно го украсуваме домот и го претвораме во новогодишна бајка, вечерите се резервирани за расположение со божиќни филмови, а во овој период јас лично ги обожавам и сите светски новогодишни хитови: „ABBA“, George Michael, Mariah Carey…

Дополнителен бенефит е интензивното дружење со децата, заеднички ручеци, прошетки пропратени со шопинг итн.

Без разлика на околностите, јас отсекогаш најмногу сум ги сакал дочеците во топла домашна атмосфера, доколку сум немал некој голем и сериозен новогодишен музички ангажман, а не било каде и по секоја цена. Значи така ќе биде и оваа година и тоа воопшто не ми пречи.

Да се надеваме дека наредната навистина ќе биде многу подобра од оваа. Секако дека имам желби и планови за наредната година и се додека човек ги има, ќе чекори напред.

На професионален план се подготвува нешто големо или попрецизно кажано нешто огромно, што дефинитивно ќе биде посластица за сите оние кои ја сакаат и почитуваат мојата музика, но за тоа потоа, а приватни планови секако дека имам и тие веќе почнуваат да ми се остваруваат, но сепак се приватни, па затоа“, изјави Дарио во истиот медиум минатата година.

Инаку, тој ги има испеано песните Дупла водка, Косоока, Дај да заспијам и многу други кои и денеска се пеат и се слушаат, а до интервјуто во Музика 24, беше пласирана и неговата песна Еј животе која ја има снимено минатата година.

-Бидете задоволни од себе и од својот живот, не се споредувајте со никого и не барајте премногу, затоа што убавината на животот е во малите работи.

Се надевам дека после ова пандемиско искуство на многумина тоа ви стана јасно. Бидете здрави и весели, чувајте се и радувајте им се на секојдневните работи“, беше новогодишната порака од Дарио.

Дарио на Фејсбук објавил убава вест, тој вечерва ќе пее пред Сити мол во Скопје, тоест ќе одржи свој концерт. Таму досега имаа концерти повеќе пејачи од нашата естрада како Лозано, Тамара, Александар и Дац..

Во една прилика, познатиот пејач за „Женски магазин“ ја раскажа љубовна приказна која датира од времето кога девојките се „ќарувале“ во диско. „Во тоа време јас бев ѕвезда во подем, шатиран фраер, ништо не можеше да ме запре.

Ме познаваа сите девојки во градот, но јас ја сакав Бојана, затоа што таа немаше поим дека сум музичар и не ме есапеше.

Ми беше многу тешко да ја освојам“, раскажа Дарио за Бојана која во осумдесетите дошла од Врање, да студира во Скопје. Бојана е инаку родена во српскиот град Ниш.

Можам слободно да кажам дека стројник ни е легендарниот водител и диџеј Драган Б. Костиќ. Тогаш се искачаше кај него, во диско „Турист“, а Драган, кој е мој близок пријател ме запозна со Бојана.

Како диџеј, пушташе сентиши кои девојките ги сакаа, а Бојана најмногу ја сакаше „Прекрасен живот“ (Wonderful Life) од Блек.

Костиќ ја пушти една вечер, специјално со неа. И ете, Бојана си доби прекрасен живот со мене, а јас со неа многу повеќе од тоа“, раскажал Дарио кој со Бојана има две деца, Андреа и Бруно.

Previous articleШекеринска си има своја амајлија која ѝ носи среќа, еве кој детаљ ѝ е бериќет (ФОТО)
Next articleПортпаролот на ВМРО Наум Стоилковски штотуку објави: Јас имам доблест, се повлекувам од листата за УО на ЈСП