Home Live Елена во мрежести чорапи и со гол грб дава новогодишен попуст (ФОТО)

Елена во мрежести чорапи и со гол грб дава новогодишен попуст (ФОТО)

– Пред 7 години , на емисијата “Твоето лице звучи познато” во Белград, Србија пеев опера во улогата на Кармен“, обајави Еелна Ристеска неодамна на својот Фејсбук профил.

-Не знам дали знаевте но , првпат во мојот живот пеев опера, подготвувана само неколку дена. А тешкотијата да играш, глумиш и пееш на француски јазик ме прави посебно горда и среќна додека го гледам видеото од оваа временска дистанца.

Да е уште потешко сето тоа , францускиот јазик го учев во средно училиште и сосема го заборавив , бидејќи јазикот ако не го зборуваш активно е “жива материја” која се заборава.

Како и да е, убаво е чувството. П.С. Ќе заборавев и тоа дека на последните настапи имав алергија која ми создаваше проблем при пеење, а замислена беше и два тона повисоко да ја отпеам според планираното и според вежбаното“, објави Елена.

Познатата пејачка минатата година гостуваше во естрадниот магазин „Бекстејџ“, каде најискрено зборуваше за кариерата, бизнисот кој неодамна го започна со парфемите, но и за својот приватен живот.

Искрена како секогаш, Елена без проблем одговори на сите прашања на водителката. Едно од прашањата беше што размислува на темата мајчинство. Одговорот на познатата пејачка беше дека веќе размислува на тоа да посвои дете доколку него најде вистинскиот партнер.

Елена беше на гости кај Елена, во емисијата „Живот со стил“, каде водителката Стефановска и таа ја праша пејачката за нејзиниот живот, наведувајќи ја да си ја отвори душата, објави Вистина.мк.

Меѓу другото пејачката рече дека мисли оти за ниту една друга јавна личност од естрадата во Македонија не се пишувале толку невистини и глупости, колку за неа, кога се приватниот живот, сите нејзини љубови и наводни љубовници, бракот и разводот во прашање.

Македонскат поп ѕвезда даде интересен одговор на прашањето дали почувствувала љубов после разводот со сопругот, па одговри:

„Имаше една таква ситуација, која се случуваше во повеќе наврати со мали и поголеми паузи… јас со тој човек не се сликав за медиуми, но не се ни криев кога излегувавме некаде заедно, како во ресторан, на пример.

Сепак, кога ќе се замешаат трети, ситуацијата станува комплицирана и… иако никогаш не се знае, во моментов сепак сум во статус сингл“! – изјави Ристеска, појаснувајќи дека човекот што ќе го освои нејзиното срце мора да биде силен, стабилен, да го следи нејзиниот ритам на живот и работа за да не ја влече назад и да има смисол за хумор.

– Важно ми е да е интелигентен затоа што сум сапиосексуалец и сапиофил. Да е исто така еднакво амбициозен како мене за да не ме влече назад во кариерата.

Да растеме и да создаваме заедно, да градиме заедничка империја и успеси. Најголемиот порок да му биде зависност од јадење благо. Да спортуваме заедно. Да има смисла за хумор, бидејќи рецепт за долготраен брак и живот е смеата и интерните шеги.

Да ми биде најдобар другар, бидејќи нели треба да е „брачен другар”. Да можам со него сè да споделам. Безусловно да знае да љуби, бидејќи јас само така умеам. Да му е важна сегашноста , а не минатото или иднината.

Едноставно, јас и тој од едната страна и целиот свет на другата. Звучеше како оглас? Хахаха..“, рече Елена во Женски магазин, одговарајќи на прашањето каков ќе биде нејзиниот маж.

Елена сега обзнани новост на социјалните мрежи која гласи вака: На денешен ден пред 19 години победив на аудицијата на “М2” и така започнав да ја градам кариерата.

По тој повод и по повод излегување на COSMO магазин со едиторијал и насловна со мене од денешен датум ги започнуваме НОВОГОДИШНИТЕ И БОЖИЌНИТЕ ПОПУСТИ!!!

20% попуст на производите на ЕРА КОЗМЕТИКА од денешен датум до 15ти јануари“, напиша Елена за својот козметички бренд.

Инаку, таа на сликата која ја објави е во мрежесети чорапи, а на едната слика изгледа одлично со блуза со гол грб. Елена секогаш имала стил и знаела да ја заскокотка јавноста.

Previous articleБилјана Ванковска ги извести своите пријатели: Тукушто разбрав дека не ме примиле за дописен член на МАНУ
Next articleМногу беше чуден, и да беше жив, ќе не откачеше: За Среќко Шоиќ емотивен говор одржа неговиот колега Воја