Home News Героски: Не го бранам Мијалков, ама држава во која барем 50 луѓе...

Героски: Не го бранам Мијалков, ама држава во која барем 50 луѓе не заработиле по 10 милиони, не е држава

Вчера се случуваше своевидна „драма“ околу при творот на поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков. Најпрво тој беше пуштен на слобода со кауција од 11 милиони евра.

Но, додека се спроведуваше имотот во Катастар, обвинителството побара притвор за друг случај, „Плацеви на Водно“ и судот му одреди 30 дневен притвор.

После првата одлука на Апелација, на социјалните мрежи се огласи Министерот за правда, Бојан Маричиќ:

„По повод ваквата судска одлука, на својот профил на социјалните мрежи, се огласи и актуелниот министер за правда, Бојан Маричиќ, кој не се согласува со ваквата одлука:

„Одлуката на Апелациониот суд во Скопје да го пушти од при твор Сашо Мијалков ја намалува и онака разнишаната доверба на граѓаните во судовите.

Потсетувам дека Мијалков беше лице под реален ризик за бегство и повод за настани кои ја во зне мирија целата македонска јавност.

Судиите на Апелациониот суд во Скопје Ѓоко Ристов и Енвер Беџети кои ја донесоа оваа одлука треба да и објаснат на јавноста на кој основ ја донеле ваквата одлука и на кој начин ќе ја преземат одговорноста доколку се случи повторно ризик од бе гство.

Судот иако е независен, должен е јавно да ги објаснува своите одлуки за да можат граѓаните да веруваат во судството.

Апелирам до Судскиот совет да испита по кој основ судиите ја донеле оваа одлука.“

На ова коментираше новинарот и сопственик на порталот Плусинфо, Бранко Героски:

-Судиите што ја донеле оваа одлука, како и сите други судии што носат било какви одлуки, не се обврзани ништо да им објаснуваат ниту на Маричиќ, а ни на јавноста.

Тие треба да носат одлуки според законот и според сопствената совест, а нивната работа ја оценува Судскиот совет. Не министерот!

Маричиќ си дозволува да врши притисок врз правосудните органи од позицијата министер за правда. И тоа со објави на Фејсбук, што е скандалозно само по себе.

Овој човек не го разбира системот на поделба на власта. А ако тоа не го разбира (или не сака да го разбере), навистина не е јасно како воопшто може да биде министер, напиша Героски.

Бранко Героски коментирајќи го Сашо Мијалков, носи интересна констатација. Еве што тој пишува во еден друг статус:

„Не сакам на никого да противречам, ниту да го бранам Мијалков, ама држава во која нема барем 50 луѓе кои во животот заработиле повеќе од 10 милиони евра – не е држава!“

Previous articleСања Лукаревска во тесна тексас сукња се сликаше со Заев и му упати важна порака (ФОТО)
Next articleТрифун Костовски ја искара „Левица“ и им кажа како треба да работат