Home Live Ирена Спировска покажа што има – деколте, долги нозе, краток фустан висока...

Ирена Спировска покажа што има – деколте, долги нозе, краток фустан висока штикла… (ФОТО)

Водителката на Алфа Тв, Ирена Спировска, со својот партнер Душко Исајловски оди на повече јавни настани, а еден од нив бил и традиционалниот Виенски бал во Скопје, пред пандемијата во 2019 година.

Елегантна како и секогаш, Ирена го привлече вниманието на присутните на балот. Таа неодамна за Женски магазин изјави дека не го крие партнерот, но во јавноста никогаш до сега не зборувала за својот приватен живот.

„Ова не е ништо ново. Во врска сум, што е сосема нормално. Да сакав да го сокријам својот партнер, немаше да се појавам на јавно место со него. Никогаш не сум зборувала за својот приватен живот, затоа и се вика приватен“, изјави Ирена за Женски магазин.

Таа често на социјалните мрежи споделува фотографии од нивнитер искачувања по планини, но сега изненади со малку поинаква фотографија. Тие двајца позираа во елегантна гардероба, а од фановите добија комплименти дека изгледаат како паровите од турските серии.

„Прекрасна двојка сте“, „Најубави сте, поздрав“, „Кралски пар“, „ Прекрасно за очи и душа. Со стил!“’, се само некои од коментарите кои може да се најдат под објавата.

– Пораката што сакам да им ја упатам на помладите е дека со редовни спортски активности и со умерена исхрана можат да бидат атрактивни и убави и во зрелите години. Жал ми е што гледам сè повеќе млади девојки со естетски корекции.

Жените во зрели години и можам да ги разберам некако што се одлучуваат да направат естетски интервенции, но никако не можам да ги разберам младите девојки“, изјави таа неодамна и додаде:

-Немам правено никакви интервенции освен козметички третмани за одржување на нега на кожата на лицето на природна база. Немам дури ни вештачки исцртани веѓи, вештачки нокти, трепки…Секогаш ќе има некој со посензуални усни од нашите, со погусти трепки, со побујни гради, подолги нозе или потенка половина…

Нема потреба да тежнееме кон идеални пропорции. Треба да научиме да уживаме во нашата уникатност, тоа нè прави да бидеме единствени. Колку порано го сфатат тоа младите девојки, толку подобро за нив“, вели Ирена во Женски магазин.

По повод роденденот на Игор Џамбазов минатата година, уште една жена го изненади со специјална честитка, односно фотогрфија – ТВ водителката Ирена Спировска. Ирена објави заедничка ретро фотограија од далечните 90-ти каде.

-Една ретро фотка по повод неговиот 57-ми роденден :од емисијата “ЛЕТЕН ЕЗЕРСКИ БРАН”(уредник Димитар Масевски,продукција МРТВ,локација хотел ДЕСАРЕТ-Охрид,1997 година. Да си ни жив и здрав,среќен и долговечен Игор Џамбазов. – напиша Ирена, а Игор веднап ја сподели истата и имаше коментар до Ирена,

-Со Ирена Спировска на крајот од минатиот век.Така некако и сме облечени. А тој што ни ги правел фризурите…и племето, и семето… Ирена сповторно се надоврза: Jас фризурата се уште си ја имам,а и комплетчето што го носам тука уште си го чувам, дополни таа со „смајли емотикони“.

Проект на кој таа посветено и со љубов работи е новата емисија на „Алфа“, наречена ВЕЗИЛКА, заедно со колегите Адријана Алачки и Благоја Грујовски. Ирена рече дека проектот ВЕЗИЛКА, телевизија АЛФА планирала да го започне уште минатата есен но поради панде мијата бил ставен во мирување.

-Свесни бевме дека во ТВ етерот недостига емисија од тој тип и сакавме на гледачите да им понудиме квалитетна музичко-фолклорно шоу кое ќе ги промовира убавините и традиционалните вредности на Македонија, но моравме да чекаме погоден момент за тоа3, рече Спировска.

Таа сега објави слики од снимањето на оваа емисија која оди по разни градови, а новите слики што ги објави Ирена се од Свети Николе. Таа е облечена елегантно, но и провокативно, а на сликата се гледа дека таа го покажува точно она што треба.

Ирена е во розев фустан, на високи штикли, со деколте, насмеана и расположена. На сликите со неа и нејзиниот колега, Благоја Грујовски.

Previous articleСнеже Велков: Има луѓе, не дај Боже да ги оставиш, може и заби ќе ти ckpшат…
Next articleУбавата актерка откри: Сум живеела со 5 динари во џеб, а следниот ден имав 55 илјади