Home News Портпаролот на ВМРО Наум Стоилковски штотуку објави: Јас имам доблест, се повлекувам...

Портпаролот на ВМРО Наум Стоилковски штотуку објави: Јас имам доблест, се повлекувам од листата за УО на ЈСП

На третатата седница на Советот на Град Скопје, која ќе се одржи на 29 декември, меѓу другото ќе се расправа за избор на претседатели и членови на управните одбори на јавните претпријатија и на културните институции под надлежност на Градот. Меѓу предложените се и имиња на луѓе активни во политичкиот живот.

Па така, во управните одбори се најде место и за портпаролите на ВМРО-ДПМНЕ – Наум Стоилковски е предложен за член на УО на ЈСП „Скопје“, а Марија Митева за член на УО „Водовод и канализација“.

На Митева „друштво“ ќе и прави и сопартиецот Димче Арсовски. Во УО на ЈСП ќе се најде и Емил Јанчески од Левица.

Актерката Јелена Жугиќ и поранешен советник во Советот на Град Скопје од редовите на ВМРО-ДПМНЕ влегува во Управниот одбор на Младински културен центар, како и Жарко Масларовски од Левица..

На предлозите за членови на управните одбори стои името на Трајко Славески, кој е претседавач со Советот, а предлагачи се група советници, пренесе Слободен печат.

По ваквите информации, имаше многу коментари на социјалните мрежи, во насока дека Данела не е независна како што се претставува, бидејќи членови на ВМРО-ДПМНЕ добиваат позиции.

Пред малку се огласи Наум Стоилковски и објави дека се повлекува од листата за УО на ЈСП:

„Ја следам возбуденоста во СДСМ поврзано со моето име и сметам дека тоа повеќе се однесува на стp авот дека од внатре на ЈСП ќе го видам и јавно ќе го објавам сиот кpи мин ал со компанијата и секако, за планот за БРТ.

Иако го имам сиот потребен кредибилитет да бидам дел од УО на ЈСП, верувам во принципи, за разлика од партиските членови на СДСМ. Нема трговија со принципи ниту со претпријатија.

Тие принципи не постојат во СДСМ, затоа што на пример истата прашина како за мене (нас), очекувано би ја кренале и за портпаролот на Алтернатива којшто го поставија за директор на МЕПСО во време на најголема енергетска криза.

Во име на тие принципи и во име на таа разлика, донесов одлука да се заблагодарам за довербата и честа да бидам предложен за Член на УО на ЈСП и да побарам да бидам исклучен од листата.

Истовремено, оставам аманет на оние коишто ќе бидат избрани, да не го премолчат kpи мина лот, како и да поведат сметка за претпријатието- симбол на Скопје!“

Previous articleДарио објави убава вест, а еве како ја ќарил неговата Бојана и кој му бил стројник
Next articleУште една оставка: Доста беше политика, му благодарам на СДСМ но јас си заминувам