Home Live Шекеринска си има своја амајлија која ѝ носи среќа, еве кој детаљ...

Шекеринска си има своја амајлија која ѝ носи среќа, еве кој детаљ ѝ е бериќет (ФОТО)

Минисстерката за одбрана Радмила Шекеринска во едно интервју изјави дека ги сака претстојните новогодишмни и божиќни празници и дека најмногу се одмара во својата викендичка во Маврово, со сопругот, Божидар Јанковски и со ќерката.

-Единственото место каде украсувањето не ми е обврска, туку уживање е тука, во Маврово. Ми доаѓа како релаксација, како вежба или терапија. Да си го вратам мирот и спокојот. Да се расположам и да уживам во сите „пипави“ работи кои вообичаено ме нервираат.

Само сега и само тука не ме мрзи да протнувам нови кончиња низ дршките на старите лампиони. Само тогаш и само тука не ми пречи да ги прередувам лампионите ако на едната страна имам повеќе црвено или златно.

Само тука некои украси ги оставам да седат цела година и да ме потсетуваат на драгите луѓе кои не се веќе со нас.

Бобо се жалеше дека тој ја добил тешката физичка работа на местење на елката, додека јас сум се занимавала со убавата, креативна работа на украсување… ама, еве и елката ја сменивме со најеколошка верзија – а јас не се откажувам од моите задачи.

Не сум од оние мајки кои го планираат животот и иднината на своето дете. Мислам дека тоа е невозможно. И штетно, дури и опа сно. Пред неколку години, прв пат ми поставија слично прашање: на што сакам да ја научам својата ќерка? Одговорот и денес ми е идентичен: да сака да знае и да знае да сака.

Ада е весела, позитивна, на моменти малку срамежлива, и со голема емпатија. Точно знае кога некому му треба помош, а кога прегратка или убав збор. Пред неколку недели се сретнав со мајката на едно девојче кое годинава се приклучи на нивното одделение.

Немаше доволно зборови за да се заблагодари за помошта која Ада ѝ ја давала секој ден да се прилагоди, да се вклопи и навикне. Ада ми немаше кажано ни збор за тоа. Не се пофалила, ама го правела тоа цело време. Признавам, многу бев горда на неа“, изјави таа за женски магазин, а потоа за стилот на облекување додаде:

– Се трудам да се облекувам практично и едноставно. Истата облека треба да ми е прикладна и за состанок и за родителска, за прес конференција или интервју.

Истата облека најчесто треба да ми „издржи“ цел ден, значи да не се гужва, но и да не одвлекува внимание.

Од тие причини, не носам накит, но често разбивам монотонија со марама или брош. Немам некој што ми помага во изборот, освен по некој коментар на Бобо.

Шекеринска неодмна објави слики од приемот на нови професионални војници, и рече дека овој настан секогаш ѝ е од посебмо значење и ја прави горда На својот Фејсбук профил, таа објави:

Приемот на нови професионални војници, секогаш ме прави горда. Кога ќе видите дека за секое место има по десет заинтересирани кандидати – јасно е колку е зголемен интересот за војничката професија поради сменетата слика за Армијата во последните четири години.

Денес во касарната во Велес посакав добредојде на стотина нови војници. Нека им е со среќа и да ги чуваат придобивките што заеднички со целата Армија ги остваривме во изминатиот период“, напиша министерката за одбрана.

На сликите, таа е облечена во црн капут и е застаната мирно до војниците. Но, има еден детаљ на нејзиниот капут кој привлекува внимание, а тоа е буба мара брош. во старите верувања важи дека бубамарата носи среќа, и носи гости, а изгледа дека Шекеринска верува во нив, па затоа го има избрано токму овој детал како нејзина амајлија.

– Бубамарата се смета за носител на среќа и благосостојба. Се верува дека носи ослободување од секојдневните проблеми. Бубамара дава и трпение, а ако ви слета додека сте бол ни, тоа е знак за неизбежно исцелување.

Бубамара што ќе ви слета на рака, а потоа ќе ви одлета значи дека следната недела ќе биде убаво време“, велат старите верувања за бубамарата.

Previous articleУбавата актерка откри: Сум живеела со 5 динари во џеб, а следниот ден имав 55 илјади
Next articleДарио објави убава вест, а еве како ја ќарил неговата Бојана и кој му бил стројник