Home News Стар ВМРО-вец од Ѓорче: Гледам пљукате по Јелена Жугиќ, Димса и Наум...

Стар ВМРО-вец од Ѓорче: Гледам пљукате по Јелена Жугиќ, Димса и Наум – хејтери, може само да го дувате, еве зошто

Врз основа на предлог-одлуките што ги добиле советниците во Град Скопје, а се однесуваат на именување на членови на управни и надзорни одбори на повеќе јавни претпријатија во Скопје, тројцата портпароли на опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски, Димче Арсовски и Марија Митева, беа предложени за членови на УО на две скопски јавни претпријатија

По Наум Стоилковски и Димче Арсовски, и портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева, побара нејзиното име да се повлече од предлог-одлуките за именување на член на УП на ЈП „Водовод и канализација“ Скопје.

„Во мојот начин на дејствување немало двојни принципи, ниту ќе има во иднина. Интегритетот е нешто кое нема цена! Стојам зад тоа, со целиот свој професионален начин на дејствување од почетокот и ќе е остане така до крајот! СДСМ ги гледа функциите во државава како начин за печалење пари, за кp иминал.

Jас пак бев силно уверена дека ќе го извадам криминалот на ЈП Водовод на виделина, ќе и образложев на јавноста како се склучувале договори за изградба на водоводна мрежа на Варшавска итн… но ќе дадев и свој личен пример како со домаќинско работење се доаѓа до успех.

Но, нема да им го пружам задоволството на СДСМ да си држат пресови со намера да фрлат црна дамка на мене, затоа се заблагодарувам на довербата, но барам предлогот за мене да биде повлечен. А кој и да биде член на управниот одбор јавно го повикувам да ми ги каже криминалите, па јас ќе продолжам на прес“, напиша Митева на Фејсбук.

Претходно и Наум Стоилковски се повлече. Еве што тој напиша:

„Ја следам возбуденоста во СДСМ поврзано со моето име и сметам дека тоа повеќе се однесува на стp авот дека од внатре на ЈСП ќе го видам и јавно ќе го објавам сиот кpи мин ал со компанијата и секако, за планот за БРТ.

Иако го имам сиот потребен кредибилитет да бидам дел од УО на ЈСП, верувам во принципи, за разлика од партиските членови на СДСМ. Нема трговија со принципи ниту со претпријатија.

Тие принципи не постојат во СДСМ, затоа што на пример истата прашина како за мене (нас), очекувано би ја кренале и за портпаролот на Алтернатива којшто го поставија за директор на МЕПСО во време на најголема енергетска криза.

Во име на тие принципи и во име на таа разлика, донесов одлука да се заблагодарам за довербата и честа да бидам предложен за Член на УО на ЈСП и да побарам да бидам исклучен од листата.

Истовремено, оставам аманет на оние коишто ќе бидат избрани, да не го премолчат kpи мина лот, како и да поведат сметка за претпријатието- симбол на Скопје!“

Еден од најистакнатите членови на ВМРО-ДПМНЕ од Ѓорче Петров, кој многу често не ги штеди своите сопартијци од критики, кога мисли дека не постапуваат според ВМРО-вските начела, Кристијан Јандриоски, на својот профил на социјалните мрежи ги прокоментира атаците на членовите на ВМРО-ДПМНЕ, кои добиле позиции во локалната власт:

„Гледам тука ќе пљукале по Јелена Жугиќ, Димса и Наум Стоилковски заради влегување во некој управен или надзорен одбор.

Јелена 2 години наназад советничкиот паушал го испраќа на дечиња на Уставобранител.

Димса од прв ден опозиција останат во штаб кога 50 посто од тие што се денес тамо не знаеа каде се штабовите.

Наум људина, лојален и посветен, гледам се откажал од местото. Нешто што и доликува на него, а јас во таа одлука не го поддржувам.

Илјадници ќе се натоват што ги немаше никаде и никогаш. Поддршка за луѓево, а вие хејтери, може само да го дувате. Ајт мрш….“

Previous articleМногу беше чуден, и да беше жив, ќе не откачеше: За Среќко Шоиќ емотивен говор одржа неговиот колега Воја
Next articleД-р Пановски: Им викавте на луѓето носете маски на нива, а вадете ги во кафеана и после се чудевте зошто веруваат дека ги прскаат