Home Live Стари недостасуваш и знам дека се гледаме на друго место- Емотивна посвета...

Стари недостасуваш и знам дека се гледаме на друго место- Емотивна посвета на Пере од Нокаут за упокоениот пријател

Mузичарoт Ацо Богдановски (1960), познат како Ацо Конга се упoкои на 23 декември во 2013 година . Откако му беше дијагностициран кан цер, некогашниот член на „Нокаут“ се бореше со болестa и му беше ампу тирана раката.

Неговите колеги се обединија да му помогнат, одржуваа концерти и настани преку кои собираа пари за негово понатамошно лекување, но по долга борба за жал тој за загуби битката.

Конга беше татко на две ќерки. Овен со музика, се занимавал и со угостителство, држејќи неколку познати скопски ресторани.

Првата група во која членувал Конга е „Макакус“ (1979) кога почнува да удира на конги.

Беше дел од бендот „Нокаут“ формиран во 1997 година, на два албумa „Нокаут“ (1997) и „До последен здив“ (2001) каде се големите хитови „АБЦ“, „Фатална опсесија“, „Временска машина“, „Би се викал те сакам“, „Телефонскиот број не постои“, „Илјада причини за крај“, објави МИА по неговот заминување.

Во една прилика, за Конга во интервју има зборувано Никола Перевски- Пере од „Нокаут“, кој за својот постар пријател и колега го има изјавбено следново:

– Секој период, секоја фаза од НОКАУТ си има свое златно време. Почнувајќи од почетоците, кога и музиката и времињата беа поинакви. Имавме армија обожаватели кои не следеа каде и да одиме. Бевме млади, и тоа внимание многу ни годеше.

Тоа се времиња кои никогаш нема да ги заборавам. Но, тогаш т.н. ѕвезди не им беа толку достапни како денес, во ерата на социјалните медиуми, па затоа постоеше и таа еуфорија, која навистина беше доживување за нас како бенд.

Па, дури и паузата помеѓу двете постави е своевидно златно време, затоа што тогаш собравме нова енергија и нова инспирација.

Секако дека мора да се издвои акустичниот концерт снимен за МРТВ кој ни помогна да отвориме ново поглавје во нашата приказна. Нешто што значително го смени текот на настаните, во позитивна насока. Не знам, до сега не сум размислувал на оваа тема.

И сега кога пробувам да направам перспектива, некако во секоја фаза од нашето творење наоѓам убавина. А, она што како посебен момент од историјата на бендот би го издвоил е собирањето на новата постава, која еве веќе повеќе од 15 години функционира беспрекорно.

Би рекол дека токму спојувањето на тие неколку енергии е она што може да се нарече златното време на НОКАУТ. А, тоа значи дека тоа време уште трае, и се надевам дека ќе трае уште долго.

Во претходниот одговор нешто спомнав токму на оваа тема. Почетоците на НОКАУТ се нешто што вечно ќе го паметам и на кое секогаш со драго срце ќе се сеќавам. И ништо не би променил. Освен секако загубата на човекот од кој научив многу и на кој му должам голем дел од животот.

Ацо Конга беше човекот кој можеби влијаеше најмногу врз мојот музички вкус и општо, музичка наобразба. Секако, тој ми беше многу повеќе од тоа. Пријател, соработник, родител, рамо за плачење, човек за смеење, за делење на добро и лошо.

Како што пишува во посветата на официјалната веб страна nokaut.mk „музиката беше неговата душа, а таа остана да живее во некои песни на НОКАУТ. Фали неговата насмевка, неговиот шарм, искуство, строгост и генијалност“.

Сигурен сум дека таму горе веќе се нашол со сите оние музички генијалци кои не напуштија и заедно свират некој опасен џем сешн“, изјави Перевски.

На својот Инстаграм профил, на осум годишнината од неговата загуба, колегата исто така му напиша посвета: „Огромна чест што те познавав,што дружев,што соработував со тебе, што направивме нешто што речиси после 25 години сеуште трае.

Прераснува во нешто посериозно како идеологија,став на Нокаут, се уште го одржувам бендот и вреди Ацо… а тоа што вреди,секогаш смета и е трн во око…

Tака ми зборуваше тогаш,ама бев многу млад и не те разбирав до крај што сакаше да ми кажеш… Сега веќе да. Стари,недостасуваш и знам дека се гледаме на друго место во друго време

Previous articleФолкерката Сани со шлиц на ветер и фустан што многу открива, Баже Грујовски ужива во погледот (ФОТО)
Next articleЕве како изгледа родната куќа на Солт Бае – тој отиде да ја види мајка му (ВИДЕО)