Home News Трифун Костовски ја искара „Левица“ и им кажа како треба да работат

Трифун Костовски ја искара „Левица“ и им кажа како треба да работат

На 15 декември, партијата Левица, преку соопштение на социјалните мрежи објаснија зошто се против Законот за здравствена заштита, во таква форма,  кој беше на дневен ред во Собранието:

„Министерот за здравство (во заминување) – Венко Филипче, преку навидум бенигни измени на Законот за здравствена заштита, предложени по скратена постапка, денес – во Собранието на РМ – ќе се обиде да го протурка енормно штетниот план за отворање можност за приватизација на брзата помош и трансплантацијата на човечки органи.

Ја известуваме пошироката македонска јавност дека Левица, како идеолошки профилирана партија, застанува одлучно против внесувањето на профитната бизнис логика во јавното здравство.

За нас здравјето е политичко прашање од највисок приоритет и тоа не смее да биде третирано како додаток на луксузот, кое ќе биде достапно само за богатите, а недостапно за сите останати.

За таа цел, нашите двајца пратеници во Собранието на РМ денес, на Комисијата за здравство, поднесоа над 1.200 амандмани со цел да го спречат донесувањето на овој енормно штетен закон. Бараме отворање јавна расправа за ова круцијално прашање кое е во интерес на сите граѓани и итно повлекување на овој штетен закон од собраниска процедура.“

-Политичката партија Левица, преку нејзините двајца пратеници, поднесе над 1200 амандмани против Законот за здравствена заштита, преку кој министерот за задгробен живот во заминување се обидува да ја приватизира брзата помош и трансплантацијата на органи.

Ова е недозволиво да се случува во скратена постапка и ние, како идеолошки профилирана партија, јавното здравје го третираме како национален интерес и нема да дозволиме да поминат овие штетни измени.”, рече претседателот на Левица и пратеник – Димитар Апасиев.

Поранешниот градоначалник на Скопје, Трифун Костовски, го прокоментира настапот на Левица во Парламентот по повод овој закон и им сугерираше како треба да работат:

-Го поздравувам чинот на Левица што застана во одбрана на неотуѓивото право на секој поединец да биде корисник на Јавното здравство, вклучително и Брзата помош.

Изготвиле 1.200 амандмани за да се стопира овој процес. За мене прашање кое е битно е дали ја бараме формата или суштината.

Би сакал не 1.200 амандмани туку Левица да изготви три до пет амандмани и јасно да ги промовира меѓу нас граѓаните на Република Македонија со цел заеднички да застанеме во одбрана на оваа иницијатива.

Не сум сигурен дека ќе има некој во Собранието кој ќе ги прочита тие 1.200 амандмани, а уште помалку ние граѓаните ќе знаеме што токму се бара со овие 1.200 амандмани, ама сакам да го убедам господинот Апасиев дека само со неколку издржани амандмани ќе ја добие нашата вистинска поддршка.

Бројноста на амандмани е позната од времето на Тодор Петров. Ми треба акција и конкретно да знам зад што застанувам. На ред сте вие партијата Левица, напиша вчера Костовски на социјалните мрежи.

Previous articleГероски: Не го бранам Мијалков, ама држава во која барем 50 луѓе не заработиле по 10 милиони, не е држава
Next articleНоне откри: Јас сум бестрашна, непобедлива, јас сум најслатката…