Home Live СИ ГPMИ Тијана Дапчевиќ, се откопча, се раскомоти, покажа што има (ФОТО)

СИ ГPMИ Тијана Дапчевиќ, се откопча, се раскомоти, покажа што има (ФОТО)

Тијана Дапчевиќ не крие дека подолго време по пораѓањето се обидувала на различни начини да ја врати линијата која претходно ја имала, но дека се соочила со потешкотии.

Оваа година со редовно вежбање и специјален режим на исхрана успеа да ја доведе својата линија до совршенство и сега со насмевка и очигледно задоволство на лицето кажува дека конечно е задоволна со изгледот.

-Кога себе си си дозволувам слобода во исхраната, најмногу уживам во тестенини, пица, погачи… Кога не би биле ризични за мојата телесна тежина, би ги јадела секој ден.

Идеалната телесна тежина која успеав да ја добијам навистина со макотрпна работа, ја одржувам со тренинзи во теретана и тоа три пати во неделата.

Работам со личен тренер, не користам никакви справи, освен лента за трчање и тоа ми е најдосаден дел од тренингот.

Откакои ги оставив цигарите се здебелив 4 килограми и ми се забави метаболизмот, но знам дека и тоа ќе го пребродам. Се решив од тој порок со помош на елктронски цигари.

Со неколку пријатели се обложивме на таа тема, тие беа убедени дека нема да издржам, но добро ми оди до сега. Се случуваат и големи кризи, особено кога ќе снемам батерија во елктронската цигара, тогаш сум во паника“, изјави Тијана во едно интервју за Фешнел.

По долгогодишно користење на скапи козметички производи и препарати, Тијана вели дека дошла до заклучок дека не секогаш е најдобро тоа што е скапо.

„Приметив дека почнаа да ми се појавуваат брчки во 37-та година од мојот живот, иако немам генетски предиспозиции за тоа, дури и мојата мајка нема брчки.

По консултација со стручно лице, козметолог-фармацевт, почнав да користам рачно изработена крема од природни состојки што фантастично влијае на моето лице.

Еднаш во два месеци посетувам и мезотерапија со минерали, витамини и хијарулонска киселина. Сето тоа ми е доволно да изгледам одморено и свежо3, изјави таа.

Тијана ја глуми германката Ула во серијата Преспав и во интервју за Женски магази зборуваше за снимањата на серијата:

„Смешки се случуваа констатно. Се случи на едно снимање толку да се смееме, режисерот дојде и ни рече: „На сите четворица ќе ви дадам по сто евра само престанете да се смеете, за да можеме да ја снимиме сцената“.

Додека снимавме овие месеци во Скопје, хм, само јас си знам како ми беше. Ама, знаеш како, добро е што ОХО како продукција многу не’ чува, како бели мечки сме заштитени. Ништо не ни фалеше. Јас доаѓав, снимав по седум дена во Скопје, па се враќав во Белград, па Вук и Милан доаѓаа во Скопје.

Олеснителна околност беше тоа што можев да одам, па пак да се враќам. Добро е што Вук и Милан си се навикнати да се дружат и да си се чуваат, најдобри другари се, така што јас проблем со тоа немам.

Милан, покрај тоа што е најдобар сопруг и мојот ветер во грб веќе 20 години е и прекрасен татко. Јас постојано ова го зборувам и веќе досадна станав.

Најмногу ме смеат син ми, Хана и Дарен, со нив е игранка без престанка, особено кога се сите тројца на купче, тоа е пресмешно.

Вук ѝ прави „будалаштини“ на Хана, Хана му прави „будалаштини“ на Вук, а Дарен сето тоа го гледа од страна, како Тито и Кардељ ги гледа двајцата.

Како цртан филм му се тие двајца, зашто не можат да се доискажат. Секогаш кога се заедно, тоа се смешки. Од што се еуфорични се пресмешни. И многу сакам да ги гледам така на купче, кога се еуфорични и кога си прават „будалаштини“ едни на други.

Кој поголема будала ќе направи од себе, тоа е врвот. Тие се моето богатство и мојата најголема љубов“, рече Тијана за својот син, и за децата на својата сестра, Тамара тодевска, нашата позната пејачка.

Тијана на својот Инстаграм прпфил објави нови слики од едитпријалот кој од српскиот магазин „Хелоу“ и изгледа одлично.

Тесна црна сукња, јакна исто така тесна ама откопначна повеќе отколку пто Тијана сме научиле да ја гледаме. Секоја чест за оваа „раскомотена“ пејачка ио глумица, изгледа одлично!

Previous articleДарко Лазиќ тајно се венча во Америка, семејството на Барбара во неверување
Next articleКеба се расплака за Северина- Нејзиниот син секогаш ќе ми недостига, го сакам како мој