Home News Мери Јордановска: Нови директори, нови вработувања – нека се одлеваат пари од...

Мери Јордановска: Нови директори, нови вработувања – нека се одлеваат пари од буџет, има се, може се

Новинраката Мерои Јордановска раскажа неодамна како е нејзиниото искуство со вирусот, и рече дека не се покајала што се имунизирала, дури и ако тоа значело дека 50 проценти ќе ги намали симптомите. Таа раскажа:

– 20 дена изолација поради Ков ид-19. Истече денеска. Конечно. Вакцинирана со две дози „Фајзер“. Ова е она што можам да ви го кажам – ова е ла мја, ова е чу ма.

1. Ако за лесна клиничка слика, без да бидат дадени антибиотици, се смета температура над 37.5, кога ви е ладно како на -50, па потоа ви е топло како на +50, главоболки кои не се опишуваат.

Неможност да ја свртите главата без да ви се претумба собата пред очи, неможност да сфатите дали ве боли стомак, глава, мускули, коски, губење мирис (се врати само до некој степен), каш лица, замор како да сте орале нива, болки во грло, тахикардии, качување на притисокот, тогаш можете да замислите што се смета за средно-тешка или тешка клиничка слика.

2. Дали вакцината помогна да поминеме со полесна клиничка слика? Не можеме да знаеме. Но, јас никогаш не би ризикувала и не би се запрашала дали требаше да ја примам. Сето она што ми го кажа матичната, мојата Aleksandra, на која ѝ симнувам капа, беше така.

Точно знаеше како би се одвивале работите кај невакцинирани и кај вакцинирани, но сепак не пропушти да се јавува секој ден и да не прегледува секој трет ден. И таа за мене беше клучната алка во сиот овој процес.

Така што не 30 денари по пациент – и 30.000 денари по пациент се малку за оние матични лекари на кои кога ќе им кажеш дека си позитивен ти велат „доаѓај одма да те слушнам како дишеш“ и те прегледуваат со скафандер, визир и два маски, и не оставаат еден ден да помине туку-така, на случајност.

Матичните лекари, оние кои си ја знаат работата, се клучните во овој процес.

Дали ќе поминев со ваква слика да не бев вакцинирана? Немам поим, но знам дека нема да зажалам што ја примив вакцината против Ковид-19, па макар истата помогнала и симптомите да се намалат за 50 проценти.

Мој искрен совет до сите. Ако имате проблеми со кардиоваскуларен систем или дијабет или било која друга хронична болест, не ризикувајте, вакцинирајте се. А ако веќе одлучите да не се вакцинирате, ве молам, пазете се максимално! Маска и дистанца!

Сите останати, кои кови дот го изедначувате со грип и негирате дека постои, не сте веќе дел од листата на мои пријатели. Вас ве сметам за несовесни и неодговорни, и кон себе и кон околината.

Секој може да се зарази, и вакциниран и невакциниран, тоа никој не го оспорува. Поентата е да поминеме што полесно. Чувајте се!

П.С. Ако се сомневате дека имате Ковид-19, не се потпирајте на тестовите од аптека. Петте теста што ги направив беа негативни. Направете си PCR тест, најмногу поради блиските со кои живеете во исто домаќинство“.

Јордановска на Фејсбук напиша нов статус кој се однесува на состојбата во домашната политикиа. Таа често отворено го изнесува сбоето мислење, а вовој пат напиша:

-Локални избори. Ајдеее, нови директори, нови членови на управни, надзорни одбори, портпароли, нови кабинети. Оние вработените со решенија остануваат, ќе ги пикнат во некој подрум и ќе си дремат, земајќи плата, а тие ќе си вработат нови.

И нови. Хонорарци на претек. Нека се одлеваат пари од буџет, има се, може се. Во меѓувреме се менуваат и министерските места. Читај погоре, истата прича. И таман мислиме, ајде, бидна, ете ти парламентарни избори.

И пак читај погоре. Па и некое ново министерско место ќе додадат. И пак читај погоре. И така во круг, безграничен, безнадежен. На толку кадри, барем функционален систем да видевме. Па толку бре барем заслуживме“, објави Јордановска.

Previous articleАгнеса рекламира фустан од 30 евра, не се само скапи брендови кај неа во плакар (ФОТО)
Next articleАца Лукас на бившата жена ѝ остави скапа вила, Соња се пофали во кој луксуз живее (ФОТО)